3 вкусни и егзотични рецепти за топло чоколадо кои едноставно мора да ги пробате
Топло чоколадо, подготвено со необични и егзотични додатоци за неизмерно уживање
Кардамон и нане
Потребни состојки:
- 40 грама црно чоколадо
- 300 милилитри млеко
- 2 лажици слатка павлака
- Шеќер (по вкус)
- 1-2 гранчиња нане
- Прстофат кардамон
Начин на подготовка:
Загрејте го млекото и во него стопете ги коцките чоколадо. Додајте ја слатката павлака и шеќер по вкус. Измешајте. На крај додајте ги нането и кардамонот, оставете го малку да постои и потоа сервирајте. Рецептот е за две шолји.
Чили и цимет
Потребни состојки:
- 40 грама црно чоколадо
- 300 милилитри млеко
- Шеќер (по вкус)
- 1/2 црвена чили пиперка
- 1/2 лажица мелен цимет
Начин на подготовка:
Загрејте го млекото и во него стопете го чоколадото, а потоа додајте и шеќер. Ситно исечкајте ја пиперката и додајте ја заедно со циметот. Оставете да постои 5 минути. Пред да го сервирате, по желба исцедете го. Рецептот е за 2 шолји.
Ѓумбир и ванила
Потребни состојки:
- 40 грама црно чоколадо
- 300 милилитри млеко
- 1 лажица ванилин шеќер
- 1/2 стапче ванила
- 1 парче свеж ѓумбир
Начин на подготовка:
Излупете го ѓумбирот, исечкајте го на мали парчиња, па загрејте го заедно со млекото и потоа извадете го. Стопете го чоколадото во врелото млеко и потоа додајте ванилин шеќер и изрендано стапче ванила. Оставете да постои 5 минути и пред сервирање исцедете го. Рецептот е за 2 шолји.