3 вкусни филови за палачинки
Ако ви здодеало палачинките да ги јадете исклучиво со еурокрем или џем, пробајте ги овие три идеи. Доста се едноставни, а вкусовите се одлични.
Фил со праски
Потребни состојки за 8 порции:
- 145 грама шеќер
- 2 лажици пченкарно брашно
- 250 мл вода
- 8 средно големи праски, излупени и исечени на тенки парчиња
- 2 лажици путер
- Половина лажиче екстракт од бадеми
Начин на подготовка:
Измешајте ги шеќерот и брашното, ставете ги во сад на оган и додајте им ја водата. Кога овие состојки ќе се соединат, додајте ги путерот и половина од праските. Гответе на среден оган додека смесата стане потенка и почнат да се создаваат меурчиња. Во следните две минути гответе на тивок оган. Потоа тргнете го садот од оган, додајте го остатокот од праските и екстрактот од бадеми и смесата ставете ја во фрижидер за добро да се излади пред да ја употребите.
Кремаст фил со банани
Потребни состојки за 12 порции:
- 3 лажици путер
- 3 лажици кафеав шеќер
- 3 средно зрели банани исечкани на парчиња од 7 мм
- 235 мл кисела павлака
- 2 лажици шеќер во прав
- 85 грама излупени и испржени бадеми
Начин на подготовка:
Ставете ги путерот и кафеавиот шеќер во сад на оган и чекајте додека шеќерот не се растопи. Потоа додајте ги бананите и гответе додека не почнат да ја менуваат бојата. Во друг добро измешајте ги киселата павлака и шеќерот во прав. Потоа нанесете од оваа смеса на секоја од палачинките, па врз неа додајте од бананите и наросете од пржените бадеми.
Тирамису фил
Потребни состојки за 22 порции:
- 225 грама маскарпоне сирење
- 225 грама крем сирење
- 190 грама шеќер
- 60 мл кафе или ликер од кафе
- 2 лажици екстракт од ванила
Начина на подготовка:
Во сад измешајте ги маскарпонето, крем-сирењето и шеќерот додека не добиете пенеста смеса. Додадете ги кафето или ликерот од кафе и екстрактот од ванила и повторно мешајте за добро се соединат. По желба врз палачинките можете да додадете и чоколаден сируп.