3 видови промени за поздрав, посреќен и поисполнет живот
За да се случи каква било промена, потребно е да излезете од вашите секојдневни и вообичаени рутини. За да го сторите тоа, Луиза Хеј, авторката на познатиот метод „Heal Your Life“, предложува 3 видови промени со цел долготрајно да го подобрите квалитетот на вашиот живот…
1. Спиритуални промени
Застанете и размислете. Постои спиритуален, ментален и физички пристап на промените. Но, холистичкото исцелување ги вклучува и телото и умот и духот. Токму затоа можете да почнете со промени во која било од овие области, која со себе нужно ќе повлече промени и во останатите. Кога го средувате домот, не е важно од која просторија ќе почнете, се согласувате? Важно е само да почнете, а потоа работите сами ќе го најдат своето место…
2. Промени во исхраната
Кога ќе го започнете процесот на спиритуални промени, вие ќе сфатите дека она што го внесувате во вашето тело не само што влијае врз вашиот изглед, туку влијае и врз вашите емоции. Сè додека имате волја и желба да се развивате и да напредувате, промените сами по себе ќе се случуваат. На пример, макробиотичарите и луѓето кои јадат само сирова храна имаат сосема различни сфаќања за животот од останатите. Оние кои јадат само сирова храна, никогаш не готват, јадат житарки и леб и никогаш не користат сол. Од друга страна, макробиотичарите сосема различно ги комбинираат своите намирници и користат сол во големо количество. Но, и покрај сè, не постои еден универзален начин на правилна и добра исхрана, тоа зависи од вашиот организам, па затоа е потребно сами да го откриете она што најмногу ви одговара.
3. Ментални промени
Чистењето на умот од негативни мисли е слично како промената на начинот на исхрана. Овие промени се карактеризираат со долг процес на адаптација. Во секој случај, во истиот момент кога ќе започнете со промените во исхраната, вие ќе започнете и со психолошките промени. Потсетете се на моментот кога ќе завршите со оброкот. Храната е изедена, но чинијата во која сте јаделе е нечиста и треба да биде измиена. Кога ќе почнете да ја миете, нередот на момент се зголемува, предизвикувајќи таа да делува уште понечисто. Но, доколку бидете упорни и трпеливи, на крајот таа ќе биде како нова. Истото се случува и со мислите. Кога умот е преплавен со нови идеи, сè што е добро ќе исплива на површината.