3 вежби за совршено обликуван задник

3 вежби за совршено обликуван задник

Доколку сакате вашиот задник да изгледа неверојатно, вие мора да вложите малку време и труд. За среќа, не треба многу. Сè што треба да направите е секојдневно да ги применувате овие 3 вежби и многу брзо ќе почнете да забележувате резултати. Епа ајде, облечете ја вашата спортска опрема и почнете веднаш!

3 вежби за совршено обликуван задник

Истегнување наназад

Започнете ја вежбата така што ќе се наместите на сите четири. Дланките нека ви бидат точно под рамената, а колената под колковите. Десното колено повлечете го кон градите, и вовлечете го стомакот, а потоа исправете ја ногата наназад, како да сакате да удрите некого. Испружете ја колку што можете повеќе, а потоа вратете ја кон градите. Направете 2 серии од оваа вежба, со по 15 повторувања со секоја нога посебно.

Нога во воздух

Исто како и првата вежба, наместете се на сите четири, со дланките под рамената и колената под колковите. Повлечете ја едната нога кон градите и вовлечете го стомакот, а потоа испружете ја наназад. Додека таа е испружена, 3 пати лесно подигнувајте ја и спуштајте ја пред да ја вратите кон градите. Внимавајте притоа да ја држите исправена. Направете две серии од по 15 повторувања, со секоја нога посебно.

Клекнувања

Исправете се и раширете ги нозете малку пошироко од вашите колкови, а рацете нека ви бидат опуштени покрај телото. Грбот држете го исправено, градите извлечете ги кон напред, а потоа едната нога дијагонално испружете ја наназад. Допрете го подот само со врвот на вашите прсти, а рацете склопете ги пред градите. Вратете се во првобитната положба и направете го истото со другата нога. Вежбата изведете ја во 3 серии од 15 повторувања.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар