3 утрински навики кои можат да ви го уништат денот
Постојат многу нешта кои можат да ви го расипат утрото, како на пример, гужва во сообраќајот или ненадеен дожд токму тогаш кога ќе го заборавите чадорот дома. Голем дел од овие нешта се надвор од вашата моќ и не можете да ги контролирате, но постојат и неколку утрински навики кои лошо ви влијаат и доколку го сфатите тоа ќе можете да ги промените и целосно да го смените текот на вашиот ден.
Пиете кафе уште нерасонети
Дали навистина постои лошо време за пиење кафе? Да. Според д-р Стивен Милер, нивото на енергија природно се покачува откако ќе се разбудите и токму затоа доколку пиете кафе веднаш по будењето можете да му предизвикате енергетски удар на телото и на тој начин да станете раздразливи. Најголемите придобивки од кафето можете да ги добиете доколку почекате барем еден час по станувањето од кревет, бидејќи тогаш вашето енергетско ниво ќе почне да се стабилизира и кафето ќе се погрижи тоа да остане така до попладнето.
Вашиот појадок е премногу мал
Една рака јагоди измешани со јогурт во мал сад можеби ви звучи како совршено здрав појадок, но тоа нема да ви овозможи доволно енергија до ручекот. Според д-р Мишел Давенпорт овој појадок не само што количински не ви е доволен, туку има и недостаток од хранливи материи кои се клучни за одржување на вашата сила до следниот оброк. Појадокот треба да содржи барем 15 грама протеини, 2,5 грама влакна, комплексни јаглехидрати и малку здрави маснотии. Утринскиот оброк мора да ги содржи сите овие нешта доколку сакате да го задржите вашето здравје.
Првото нешто што го правите штом ги отворите очите е проверка на вашиот имејл
Оваа лоша навика мора веднаш да ја прекинете. Според Мелиса Мекрири, основачот на „Too Much on Her Plate“ доколку вашиот имејл е првото нешто што го гледате откако ќе ги отворите вашите очи, вие веднаш си правите стрес кој ќе ве следи во текот на целиот ден. Наместо да се грижите за работата, обидете се да го започнете вашето утро со некоја активност која ве смирува, како на пример, вежбање, пиење чај, разговор со блиска личност. Оваа навика може да ви помогне да ја зголемите вашата продуктивност и креативност, а со тоа и подобро да ги завршувате вашите работни обврски.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.