3 топли пијалаци за полнење на батериите и детоксикација на целиот организам

3 топли пијалаци за полнење на батериите и детоксикација на целиот организам

Иако дневните навики се разликуваат од човек до човек, сепак секој од нас обожава да го започнува денот со миризлива и вкусна арома. Особено кога станува збор за деновите после новогодишната вечер, кога сме претерале со консумирање храна и алкохол. Па, доколку сакате да се освежите, да се наполните со енергија и да го исчистите вашето тело од штетните материи, тогаш во текот на следнава недела најдете време да испиете барем по една шолја од следниве 3 видови чај.

1. Чај со цимет

Циметот е најмоќниот оксидант во светот. Тој помага при намалување на тежината и масните наслаги и одлично оди со вашиот омилен зимски пијалак – чајот! Во омилената шолја ставете една лажичка цимет, малку сок од лимон и мед и потопете ги со омилениот вкус на топол чај.

2. Чај со ѓумбир

Ѓумбирот е одличен избор доколку чувствувате мачнина и имате желудочни проблеми. Од друга страна пак, тој може да ви даде и енергија и да го ревитализира целото тело. Со редовно пиење чај со ѓумбир можете да ги смирите болките, да го регулирате нивото на шеќерот во крвта и да се наполните со енергија. Едноставно изберете кесичка чај, ставете ја во шолја со ѓумбир, сок од лимон и малку мед и прелијте со врела вода.

3. Чај со куркума

Куркумата е незаменлива кога станува збор за нега на кожата, подобрување на функцијата на црниот дроб и намалување на воспаленијата. Во 300 милилитри вода додајте 1/4 лажичка куркума, 1/4 лажичка ѓумбир и 1 лажица мед, па комбинирајте со омилениот вкус на чај.

Дознајте и кој чај е најдобар за вас според вашата крвна група.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар