3-те видови хемија што треба да ги чувствувате за да бидете вистински заљубени
Без разлика како ќе почне една врска, со тек на време, треба да се појават овие три видови хемии, за таа да се претвори во нешто повеќе, во нешто долготрајно. Па, доколку сакате да откриете до каде е развиена вашата врска и дали има простор да прерасне во вистинска љубов, прочитајте на кои видови привлекувања треба да обрнете внимание…
1. Физичка хемија
Станува збор за едноставната хемија меѓу две индивидуи што се сметаат за физички атрактивни. Ова е многу важно за љубовта да се развие, но само по себе не е доволно. Физичката хемија може да биде навистина изморувачка – таа е одговорна за сите оние доцни, страсни ноќи, за електрицитетот и магнетното привлекување меѓу две личности. И исто како и магнетите, физичката хемија ги предизвикува искрите што водат кон интерес за нешто повеќе. Но, иако таа може да покрене интерес, сепак сама по себе не е доволна за да се претвори во вистинска љубов.
2. Интелектуална хемија
Оваа хемија постои кога две индивидуи можат да зборуваат со часови. Разговорот тече природно и тие се стимулираат ментално. Тие комуницираат на начини на кои си даваат комплименти еден на друг, и лесно се разбираат. Силната интелектуална хемија може да се маскира како спиритуална хемија, но тие се две сосема различни нешта. Исто така, оваа хемија е потребна, но не е доволна за самата да прерасне во љубов. Таа води кон чувство дека сте нашле дом во нечиј ум, но бидејќи поголемиот дел од комуникацијата е невербална, едноставно не е доволно за да задржи две личности едни покрај други.
3. Спиритуална хемија
Спиритуалната хемија настанува кога два карактери се поврзуваат, со допир од нешто трансцендентно. Таа е над ставовите и верувањата, иако понекогаш и тие можат да бидат дел од неа. Спиритуалната хемија е кога го гледате животот низ слични егзистенцијални леќи, кога наоѓате дом во срцето на партнерот и кога ги цените истите нешта, како добрината, великодушноста, лојалноста, пријателството… На овој начин врските прераснуваат во нешто повеќе. Со овој вид хемија, вие се чувствувате најсигурно покрај саканата личност. Едноставно нема двоумење, и вие знаете дека сте покрај вистинската личност.
Имајќи го тоа на ум, за и оваа врска да се претвори во вистинска љубов, едноставно мора да ги има и сите 3 хемии. Во комбинација, тие создаваат цврста и стабилна љубовна врска, што има потенцијал долго да трае.
Прочитајте и за овие 17 нешта што ќе ги научите откако ќе бидете во врска со вистинската личност.