3-те тајни тактики на жените кои можат да го освојат секој маж што ќе го посакаат
Ако се прашувате зошто не ги привлекувате мажите што ве интересираат, сигурно тоа ви се чини како најголема мистерија. Се прашувате како е можно некои жени да го освојуваат срцето на буквално секој маж што ќе го погледнат. Почнувате да се чувствувате невидливи. Најинтересно е тоа што овие жени не се ни свесни дека се толкави магнети за привлекување мажи, бидејќи нивната заводливост им доаѓа природно и инстинктивно. Време е да научите нешто од нив! Ако сакате да го привлечете вниманието на момците што ви се допаѓаат, треба да ги примените следниве 3 тактики…
1. Остварете контакт со очи
За да го привлечете машкото внимание на лесен и едноставен начин, треба да направите само една работа. Треба да ги гледате право во очи. Според мажите, контактот со очите е неодолив. За разлика од мажите кои испиле малку повеќе алкохол и женкарите, на добрите момци им треба некаков знак за да ви пријдат, а погледот е одличен почеток. Паметните жени ја знаат оваа тајна. Ако мажите не можат да ви ги видат очите, нема ни да ве забележат. Ќе мислат дека не сте заинтересирани да ги запознаете. За да им дадете знак дека сте достапни, фатете им го погледот и задржете го контактот со очи неколку секунди.
2. Вклучете ги вашите другарки
Кога ќе излезете во некој бар со другарка и ќе се внесете во разговорот, мажите мислат дека сте зафатени. Тоа е нормално и секако дека треба да ѝ посветите целосно внимание на пријателката, но најголемите заводнички знаат како да остават впечаток дека се расположени за нови познанства додека се забавуваат со друштвото. Не го затворајте телото и фрлајте по некој поглед околу просторијата. Освен тоа, правете пауза од разговорот и одете до тоалет. Дајте им шанса на момците да ви пријдат додека сте сами. Девојките кои ги привлекуваат мажите се однесуваат стратешки.
3. Правете ги работите што ги обожавате
На момците им се допаѓаат среќни девојки. Ако сте постојано насмеани, несомнено е дека ќе го привлечете нивното внимание. Спротивно на општото верување, момците нема да мислат дека сте мистериозни само затоа што сте намуртени и не уживате во моментот, туку ќе се држат понастрана од вас. Ако ги правите работите што ги обожавате, мажите ќе сакаат да ве запознаат бидејќи ќе делувате опуштени. Опуштените, среќни девојки се секогаш попривлечни.
Да повториме: Остварувајте контакт со очи и задржувајте го погледот неколку секунди. Не го затворајте телото и правете пауза од разговорите со пријателките за да им дадете можност на момците да ви пријдат додека сте сами. Правете ги работите во кои уживате и со сигурност ќе запознаете маж кому ќе му се допаднете поради тоа што сте.
Сѐ уште не сте сигурни во вашите освојувачки способности? Прочитајте ги овие клучни вештини за заведување кои успеваат кај секој маж.