3-те стравови што не ви дозволуваат да го достигнете вашиот полн потенцијал

3-те стравови што не ви дозволуваат да го достигнете вашиот полн потенцијал

Се сеќавате ли кога сте биле мали и кога ве прашувале што сакате да бидете кога ќе пораснете? Можеби сте сакале да бидете астронаут, или пак принцеза. Никогаш не сте размислувале колку нереалистично звучат вашите одговори. Светот ви изгледал полн со можности и сте можеле да станете што и да посакате. Па кога всушност сте престанале да верувате во ова?

За време на транзицијата од дете кон тинејџер, сите ние стануваме посвесни. Притисокот од соучениците, лошите родители, малтретирањето и споредувањето се само некои од нештата што го предизвикуваат појавувањето на сомневањето во себе. Почнувате да се прашувате дали сте доволно добри и дали можете да ги исполните туѓите очекувања. Она што некогаш бил безгрижен пристап кон животот, сега е загадено со страв. Овој страв полека расте и ја презема контролата над животот, сè додека не ве заглави на место на коешто се чувствувате удобно и безбедно.

На некој начин стравот е одбранбен механизам од болката. Денес, повеќе од кога било, сите бараме некој лесен излез. Па што е всушност она што ве кочи? Од што се плашите и што можете да направите за да го надминете тој страв?

1. Страв од непознатото

Многу луѓе се обидуваат да го зачуваат нивниот мир држејќи се за илузијата на контрола. Кога ќе останете во родниот град целиот живот, ќе ја работите истата работа 10 години и ќе се венчате со партнерот од средно, а со тоа и максимално ќе го намалите ризикот од несигурност.

Се разбира, доколку овој живот ве прави среќни тоа е сосема во ред. Но постои некаква удобност во познатото. Предвидливо е и можете да се справите. Кога опкружувањето ви е познато, всушност и не се плашите толку многу. Но животот е флуиден и несигурен, а нештата можат да се променат за миг.

Па, како да се справите со стравот од непознатото? Најважно е да делувате и да си верувате. Запрашајте се што е најлошото што може да се случи. Без разлика што сакате да направите, каков и да е резултатот, сигурно ќе можете да се справите. Не мора уште веднаш да го промените животот од корен, па започнете со мали чекори. Еднаш неделно правете по едно нешто што ве плаши. Потоа размислете дали тоа било толку лошо и страшно. Со текот на времето ќе станете похрабри, ќе почнете да верувате во вашите способности и нема да му дозволите на стравот да управува со вашите одлуки.

2. Страв од осаменост

Секој од нас има потреба да припаѓа негде. Од психолошка гледна точка, ова припаѓање може да се претвори во конформизам на социјални норми. На пример ако сте од семејство во кое сите завршиле факултет, веројатно мислите дека ако не го направите тоа нема да припаѓате таму. Но важно е да запомните дека патот до исполнувањето е различен за секого, а понекогаш за да ја стигнете посакуваната цел треба да бидете сами. На крај сепак ќе вреди.

3. Страв од неуспех

Една од најчестите причини зошто луѓето одбираат да останат во нивната удобна зона е стравот од неуспех. Кога нешто ви е навистина драго, чувството на „губење“ е многу посилно. Замислете си дека работите на проект кој не ви значи многу. Ако не успеете можеби малку ќе го повредите вашето его, но влијанието на неуспехот не е толку големо. Од друга страна пак, кога работите на нешто што ве прави ранливи и кога го покажувате вашето вистинско лице и сте одбиени, болката е многу поголема.

За да се справите со ова, верувајте дека неуспехот не постои, а штетата настанува поради вашата перцепција за него. Ако нештото што сте го направиле не одело по планот, гледајте го како лекција, а не како неуспех. Следниот пат кога ќе доживеете „неуспех“, запрашајте се што сте научиле од тоа искуство. Штом ќе сфатите дека неуспехот всушност ве направил помудри и посилни, повеќе нема има негативна конотација во вашиот ум. Кога љубопитноста и благодарноста се доминантни емоции, нема место за страв.

Погледнете и како да се изборите со секој страв кој го имате во себе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар