3-те најважни откритија во животот: 1%, племето и системот
Целиот живот е поврзан со откритија. Понекогаш откриваме работи внатре во нас, а понекогаш откриваме надворешни работи. Постојат нешта кои ги додаваме во себе со цел да станеме подобра личност, а постојат и нешта кои ги отстрануваме со истата цел. Во сите овие откритија, постојат 3 кои се најважни: 1%, племето и системот.
1%
Многу често не сме свесни дека го бараме нашиот 1%. Кога ќе нè прашат што сакаме во животот, ние одговараме со „љубов, среќа, успех“. Но како да стигнеме до овие нешта, нам ни е непознато. За да ги достигнеме овие работи, треба да откриеме што нè мотивира. И дали знаевте дека само вие можете да откриете која е вашата внатрешна мотивација? Таа е различна за секој и важно е да отидете на едно „внатрешно патување“ со цел да го откриете она нешто кое ќе ви дава сила. Важно е да откриете кој е вашиот 1% кој ќе ви помогне да тргнете напред кон животот од соништата.
Племето
„Вие сте просек од 5-те луѓе со кои најмногу се дружите.“ – Џим Рон
Откривањето на вашата мотивација, или вашиот 1% е само првиот чекор. Кога ќе го откриете, важно е да го следите, а овде станува потешко. Можеби ќе треба да го промените вашето опкружување, или пак целосно да го промените вашето друштво. Ако се дружите со луѓе кои само ве влечат надолу и кои не ве охрабруваат да ги исполните вашите цели и соништа, ќе почнете и вие да се однесувате исто. Морате повнимателно да ги одбирате вашите пријатели и да го усогласите вашето „племе“ со вашиот 1%.
Системот
Знаете што сакате да правите. Ги имате луѓето кои ве поддржуваат. Сега ви остана уште да ја постигнете вашата цел. За ова ви е потребен системот. Системот е збир на навики и ритуали кои секојдневно ги изведувате со цел да ја постигнете вашата цел. Можеби вашите ритуали се читање, пишување, медитирање… Како и да е, овие навики ќе го подобрат вашиот живот.
Кога конечно ќе почнете да го следите вашиот 1% и ќе тргнете по патот кој е вистинскиот за вас, вашиот живот ќе се промени. Ќе го најдете вашето племе, и ќе го откриете вашиот систем. Со овие откритија ќе ги освоите сите ваши цели.
Доколку ја немате создадено вашата визија за подобар живот, откријте кои мисли ве спречуваат во тоа.