3-те најубави модели на здолништа за есен/зима 2018 година

3-те најубави модели на здолништа за есен/зима 2018 година

Есенската сезона веќе е во полн ек, а со неа дојдоа и многу нови трендови. Но, тоа што можеби ќе ве изненади, е дека пролетниот и летниот тренд со здолништа, продолжува и во студените сезони. Па, ако сте во потрага по модерно и впечатливо парче облека, во текот на овие неколку месеци нема да згрешите доколку одберете еден од вие модели на здолништа..

1. Сомотно здолниште

Сомотот повторно е високо на листата со модни трендови, а оваа есен, покрај сакоата и панталоните, тој ќе биде популарен материјал и за здолништа.

2. Мини кожно здолниште

Кратките црни кожни здолништа се веќе преминати во класика, па доколку сакате да постигнете автентично впечатлив изглед, комбинирајте со бои како бордо или крем.

3. Плисирано миди здолниште

Плисираното здолниште е задолжителен модел за овие есен и зима. Тоа изгледа неодоливо во комбинација со кадифена блуза или чипка во викторијански стил.

Заборавете на високите потпетици и уживајте во најпопуларните обувки за оваа есен.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар