3-те најголеми причини поради кои љубовните врски се распаѓаат

3-те најголеми причини поради кои љубовните врски се распаѓаат

Како што поминува времето, така бројот на раскинувањата и разводите се зголемува. Сè помалку постојат долготрајни врски, а сè повеќе причини за раскинување. Па, зошто се случува ова? Раскинувањата настануваат поради голем број причини, но изгледа во последно време сите можат да се сместат во следниве 3 категории…

3-те најголеми причини поради кои љубовните врски се распаѓаат

1. Комуникација

Недостатокот на комуникација може да настане од голем број причини. Понекогаш вие едноставно не сакате да го повредите партнерот со негативност, сакате да избегнете конфликт или уште полошо, едноставно не ви доаѓа да ги изразите своите вистински чувства. Но, доколку сакате вашата врска да потрае, без разлика за што станува збор, вие едноставно мора да ги држите каналите за комуникација отворени.

2. Љубов

Понекогаш многу е тешко да ја дефинирате љубовта. Дали станува збор за топло внатрешно чувство? Или пак, за еден вид силина која ја чувствувате во вашиот партнер? Дефиницијата за љубовта варира од човек до човек, но значаен дел од луѓето не сфаќаат дека интензивните чувства кои ги имаат за одредена личност се всушност многу далеку од вистинска љубов. Од онаа љубов која можете да ја забележите помеѓу двајца кои се 50 години заедно. Таа не е нешто што може одеднаш да настане и без никаков труд вечно да се одржува. Вие треба напорно да работите за да ја почувствувате и исто толку напорно да се трудите за да ја одржите.

3. Доверба

Во денешно време многу е лесно да се запознаете со одредена личност и да ја поминете вечерта заедно, без притоа никогаш повторно да се чуете. Ова е толку едноставно за остварување што дури и да сте во врска, доколку правилно одиграте, вашиот партнер никогаш не би можел да ја открие вистината. Токму овие измами кои почнуваат од неверство, со тек на време прераснуваат и во другите области од вашиот заеднички живот, започнувајќи од финансиите, па сè до долготрајните планови. Ова однесување неизбежно води кон распаѓање на врската.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар