3-те најдобри места на коишто ќе се пронајдете себеси

3-те најдобри места на коишто ќе се пронајдете себеси

Во некој момент од животот секој ќе се почувствува изгубено. Некои луѓе кога го искусуваат ова се чувствуваат како да не управувале со нивниот живот, заглавени се, анксиозни се, здодевно им е и живеат без значење. Можеби сте им дале премногу на другите, па сте се изгубиле во процесот.

3-те најдобри места на коишто ќе се пронајдете себеси

Желбата за нешто повеќе во животот не мора да остане неисполнета. Можете да го добиете вашето значење и вашите одговори. Многу луѓе патуваат сами кога се чувствуваат изгубено. Планираат егзотични авантури до Индија, Јужна Америка, Африка, па дури се качуваат и на Монт Еверест. Секоја ваква авантура може да ве подмлади и да ве отвори кон нови можности. Но не мора да одите на Бали за да се пронајдете себеси, ниту пак да направите што било драстично. Проблемот со патувањето за да се пронајдете себеси не се само парите и стресот околу патувањето, туку каде и да отидете, таму ќе биде и вашиот начин на размислување. Без разлика колку сте далеку, не можете да избегате од себе.

Понекогаш луѓето вистински се пронаоѓаат по некое искуство како сериозна болест, развод или кој било вид загуба. Значајната животна промена може да создаде столб од кој ќе ги донесувате вашите идни одлуки. За среќа вашиот одговор не е оддалечен илјадници километри. Можеби се наоѓа и во вашиот двор. Ова се 3-те најдобри места на кои можете да го започнете патувањето за да се пронајдете себеси.

1. Во близина на вода

Родени сте во вода и вашето тело содржи 75% вода. Биолошки длабоко сте поврзани со неа. Дали имате забележано како мозокот повеќе ги сака сините нијанси? Водата ја зголемува вашата способност да се смирите и да се фокусирате. Па пронајдете ги хармонијата и мирот посетувајќи го блиското езеро, река или море. Почувствувајте го магнетното привлекување на Земјата и слушајте ги брановите за да го смирите умот. Ако не можете да дојдете до вода поради лошо време или поради вашата локација на живеење, можете да си пуштите музика со бранови и вода. Поврзете се со природата и со вашето вистинско јас.

2. На нешто високо

Качете се на рид, на некој покрив или застанете безбедно на некоја висока структура. Погледнете го вашиот живот од нов агол, дури и ако сте само малку повисоко. Ако сте навистина високо ќе ја забележите целата активност под вас која можеби досега сте ја испуштиле. Ќе го препознаете вашето место во светот. Ќе ја видите поголемата слика и конечно ќе ја здогледате мапата што ве води кон вашата цел.

3. На подот

Можеби најдоброто место да се пронајдете е онаму каде што сте сами со вашите мисли. Не мора да бидете на подот. Можете да седнете на столче или каде било кајшто ви е удобно. Нежно поставете ги стапалата на земјата. Вдишете и почувствувајте ја вашата животна сила. Дозволете им на мислите да доаѓаат и да си одат без да им судите. Дајте си ја добрината што им ја давате на другите и едноставно дозволете си да постоите. Ова е клучниот дел од медитацијата.

За крај размислете за овие и слични прашања:

  • Кој/а сум јас?
  • Во кои активности уживам?
  • Што ме расположува?
  • Кои се моите идоли?
  • Што ми е важно?
  • За што се залагам?
  • Што навистина сакам за мојата иднина?

Кога ќе откриете што ви е најважно и кои сте навистина, ќе го отворите вашето срце кон неверојатни можности и радости. Конечно ќе си верувате и ќе ги донесувате вашите одлуки од центарот. Се разбира, да се пронајдете не е дестинација туку патување кое трае цел живот. Редовното поврзување со вашите тело, ум и душа во близина на вода, на некоја височина или преку медитација ќе ви помогне да се движите во вистинската насока.

Дознајте и кои се симптомите на духовното будење.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар