3-те најчести женски предрасуди кои ја комплицираат љубовната врска

3-те најчести женски предрасуди кои ја комплицираат љубовната врска

Мажите постојано истакнуваат дека жените сакаат сѐ да комплицираат, а француските психолози потврдиле дека предрасудите кај дамите во голема мера предизвикуваат проблеми во љубовната врска. Наместо да се опуштат и да уживаат со партнерот, поголемиот дел од претставничките на понежниот пол го анализираат секој негов чекор и главно донесуваат погрешени заклучоци, кои пак доведуваат до караници и обострано незадоволство. Во продолжение следуваат 3-те најчести мисли во женските глави што имаат моќ да ја уништат љубовната врска.

1-tri-najchesti-zhenski-predrasudi-koi-ja-kompliciraat-ljubovnata-vrska-www.kafepauza.mk_

1. Ако покажам дека секам сериозна врска и брак, ќе помисли дека сум очајна и тоа ќе го оддалечи

Истражувањето покажало дека дури 73% од мажите сакаат кога жената ќе ја преземе иницијативата во врската. Доколку се обидувате да оставите впечаток дека не ви е премногу грижа за партнерот, тој може да помисли дека тоа е навистина така, и на крај вие ќе бидете оштетени. Ако покажете дека сакате љубов, партнерот ќе ве почитува во таа смисла и јасно ќе ви покаже дали ќе може да ви ја даде.

2. Сите мажи се лоши, нема заштитници, ниту џентлемени

Ова е типично погрешно размислување на современите дами кои себеси се доживуваат како романтични принцези, но психолозите сметаат дека зад таквите изјави се крие страв од врзување. Со ваквиот страв ги „бркате“ потенцијалните партнери.

3. Мажите сакаат само убави девојки

Ова навистина не е точно, а убавината е релативна работа. Поголемиот дел од мажите за сериозна врска или брак бараат жена која ќе им одговара по карактерот, па често го занемаруваат изгледот.

Но, пред да започнете нова љубовна врска, погледнете кои лекции силните жени ги совладуваат пред да почнат љубовна врска.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар