3-те најчести токсични навики во врските и како да се ослободите од нив
Сите знаеме дека врските не се лесни. Многу луѓе страдаат во нивните врски поради токсичните навики кои одново и одново ги повторуваат. Дури и оние најсвесните имаат проблеми со ова, бидејќи често овие навики се стекнати уште од детството. Погледнете ги 3-те најчести токсични навики во врските, но и како да се ослободите од нив.
1. Претерана желба за внимание
Во овој случај едниот од партнерите чувствува дека не поминува доволно квалитетно време со партнерот, додека на другиот му е потребен простор. Поради човечката природа, кога едниот партнер се обидува да се оддалечи, другиот уште повеќе сака внимание. Кога партнерот што сака внимание ќе почне да го искажува тоа, другиот само ќе сака да побегне.
Важно е да знаете дека ова е заеднички проблем. Дали можеби се плашите од емоционално поврзување? Или пак сакате премногу внимание од партнерот бидејќи ви е страв дека ќе ве напушти? Најдоброто нешто што можете да го направите е да престанете да реагирате. Доколку партнерот сака време за себе, овозможете му го тоа. Доколку сака да поминувате повеќе време заедно, испланирајте да се видите. Врските цутат само кога и двајцата партнери покажуваат разбирање за нивните меѓусебни потреби, без разлика како им изгледаат.
2. Родител и дете
Ако ги делите трошоците, домот и децата со вашиот партнер, а неговото однесување го сметате за неодговорно, многу лесно може да настане проблем. Можеби не ви се допаѓаат навиките за трошење на партнерот, или пак не ви се допаѓа тоа што го запоставува своето здравје, па често сте присилени да се однесувате како родител.
Од друга страна, можеби сте забележале дека партнерот почнал да ве третира како дете. Без разлика која е ситуацијата, најверојатно ќе страда интимноста во врската. Најдоброто нешто што можете да го направите е да се обидете да воспоставите еднаквост. Наместо да се однесувате како родител и дете, гледајте се како цимери. Кога ќе настане проблем, решавајте го со партнерот, а не самите, бидејќи и двајцата учествувате во врската.
3. Зависност
Зависноста од врската често е карактеризирана со еднострана, емоционално деструктивна динамика. Иако е во ред да ги исполнувате желбите и да ги задоволувате потребите на партнерот, може да почнете да чувствувате дека ви недостига вашето старо јас.
Голема е веројатноста и вашиот партнер да направил некои нездрави жртви во име на вашата врска. Проблемот е што одбивноста се зголемува кога не ги задоволувате и вашите потреби и желби. Најдобар начин да се справите со ова е да одберете едно нешто што сакате да го правите и да го правите еднаш неделно, и притоа да му кажете на партнерот за тоа. Во најдобар случај, одново ќе се откриете себеси и вашата врска, и тоа на многу поискрен и поубав начин.
Погледнете ги и знаците кои покажуваат дека вашата врска ве прави депресивни.