3-те фрази кои го намалуваат вашето влијание во врските
Гледате некоја личност во канцеларијата, на Инстаграм, или пак во паркот која постојано разговара со сите. Малку сте ѝ љубоморни поради нејзината способност да разговара со секого. Знаете дека луѓето различно се однесуваат со неа, ги сакаат нејзините идеи и сакаат да ѝ помогнат. Па како да го постигнете тоа? Сигурно сакате луѓето, особено вашиот партнер, да мисли дека сте паметни и добри. Но постојат некои работи кои ги кажувате кои не покажуваат добрина, туку им даваат моќ на другите над вас. Погледнете кои работи треба да престанете да ги кажувате ако сакате другите да ве сфатат сериозно.
1. „Извини“
Важно е да се извините кога ќе направите грешка. Но на некој начин почнавме да живееме во свет каде што преземаме вина за работите кои не сме ги направиле. На пример, седите на некое столче и некој седнува до вас и случајно ве удира со раката, но вие се извинувате. Ова не било ваша вина, но сепак сте се извиниле. Кога го правите ова, вредноста на вашите извинувања слабее и луѓето престануваат да ве сфаќаат сериозно бидејќи знаат дека може да ве газат, а вие сепак ќе се извините. Вратете си ја моќта и извинувајте се само кога вината е ваша.
2. „Не сум експерт“
Да бидеме искрени, малку луѓе може да се нарекуваат експерти. Луѓето имаат право да кажуваат свои идеи и мисли за нешта кои ги немаат проучено и за кои немаат добро познавање. На овој начин учиме. Споредуваме што мислиме и сме отворени ако некој има подобра идеја од нас. Замислете дека предложувате што да му купите на вашиот зет за Божиќ. Размислувате за некоја игра која ја спомнал, но потоа додавате дека не сте експерт и оставате некој друг да одлучи. И тогаш тој другиот одлучува да му купите чорапи. Вашиот зет повеќе би ја сакал играта, но вашето „Не сум експерт“ му ја предало моќта на некој друг. Кога постојано ги отфрлате вашите мислења и идеи, им дозволувате на другите да преземат контрола над ситуацијата. Понекогаш можеби навистина сакате одлуката да биде на некој друг, но секогаш треба да имате на ум дека вашите идеи и чувства се валидни. Немојте да се плашите да ги искажете.
3. „Има ли смисла?“
Кога се сомневате во она што го кажувате, и другите ќе го прават тоа. Замислете си дека сакате да му раскинете на некого. Објаснувате зошто сметате дека е време за крај, и на крај го поставувате прашањето дали кажаното има смисла. Кога ќе завршите со прашање, му давате шанса на соговорникот да каже не. Веројатно ќе добиете одговор како: „Не, нема смисла. Мислам дека не си размислил/а добро и треба да останеме заедно.“ Наместо да оставите простор за сомневање, подобро кажете што мислите, и завршете со прашањето: „Како се чувствуваш поради ова?“ Или пак: „ Се согласуваш ли?“ Ова ќе му даде можност на соговорникот да каже што мисли, но нема да ја изгубите вашата моќ. Кога сте премногу внимателни, вие не ја губите моќта само во врските, туку и кај колегите и пријателите. Ако сте премногу внимателни, луѓето ќе ја искористат вашата ниска самодоверба и ќе ви ги наметнуваат нивните идеи и чувства наместо да ги земат предвид вашите.
Престанете да им дозволувате на другите да ве газат. Вие сте важни. Вие имате важни идеи и чувства. Наместо да се надевате дека луѓето ќе ве третираат еднакво, бидете моќни кога комуницирате со другите. Ќе чувствувате помал отпор кон луѓето, особено кон вашиот партнер, кога ќе можете да ги искажете вашите чувства. Престанете да ги кажувате овие 3 работи и забележете како се подобруваат вашите врски со сите.
Дознајте и како да ги претворите кратките безначајни разговори во интересни.