3 тајни кои ниту една жена не треба да му ги каже на својот сопруг

3 тајни кои ниту една жена не треба да му ги каже на својот сопруг

Личноста со која ќе бидете најблиски е вашиот сопруг. Но, ова не значи дека мора да му кажете сè. Подобро е некои работи да ги чувате за себе како за негово добро, така и за доброто на вашиот брак. Важно е да бидете искрени еден кон друг, но кога се двоумите за дали да откриете некоја тајна, внимавајте на овие три.

tajni-koi-nitu-edna-zhena-ne-treba-da-mu-gi-kazhe-na-svojot-soprug-kafepauza.mk

1. Вашите вистински чувства за бившите партнери

Слободно кажете му колку момчиња сте имале, нивните имиња, колку долго сте биле заедно и слично. Но, избегнувајте да споделувате интимни детали. Нема потреба да му кажувате колку сте биле среќни со бившиот, или колку добро се бакнувал.

Зошто не?

Како прво, речиси сигурно ќе го направите сопругот љубоморен, а љубомората никогаш не е од корист. Покрај тоа можете дури да ги повредите и чувствата на вашиот партнер. Бившите партнери треба да останат во минатото штом веќе сте го пронашле вистинскиот.

2. Сте забележале дека малку се здебелил

За многу парови шегите за здебелувањето по бракот стануваат вистина. Но, дури тој и да ставил некој килограм повеќе, нема потреба да му го кажувате тоа или пак да барате од него да ослаби.

Зошто не?

Многу често жените забораваат дека коментарите на сметка на изгледот не се болни само за нив. Дури и ако немате никакви комплекси за вашиот изглед, замислете како би ви било ако сопругот ви упати коментар дека сте здебелени. Се разбира, сакате вашиот партнер да биде здрав, но наместо да го критикувате, поканете го да ви се придружи во некоја здрава навика.

3. Малите нешта кои ве иритираат

Ако вашиот сопруг прави нешто што ве иритира, запрашајте се дали тоа навистина е проблем. Работите како спуштањето на капакот на тоалетната школка, и оставањето на светилките не се баш важни. Ако можете, вдишете длабоко и заборавете го тоа. Се разбира, ако станува збор за нешто што вам ви е навистина важно, најдете мирен начин да му го соопштите тоа на сопругот. Во спротивно, задржете ги коментарите за себе.

Зошто не?

Овие ситници не вредат за да се расправате. Секогаш избирајте ја љубовта наместо судирот. Имајте на ум дека сигурно и вие правите нешто што го нервира вашиот сопруг, но тој сепак одлучува да молчи.

Вашиот брак ќе биде многу посреќен и поздрав кога мудро ќе одлучите што да споделите со сопругот. Се разбира, истото важи и за мажите. Бидете отворени и споделувајте сè, но овие мали тајни нека останат за вас.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар