3 страшни причини зошто не треба да ги отстранувате вашите срамни влакненца

3 страшни причини зошто не треба да ги отстранувате вашите срамни влакненца

Сигурно сите вие добро ги познавате придобивките од отстранувањето на срамните влакненца, зошто инаку би го правеле тоа, но малкумина знаат дека постојат и негативни последици од оваа навика. Токму тоа и се обидува да ни го покаже тимот зад AsapSCIENCE со нивното ново видео.

3 страшни причини зошто не треба да ги отстранувате вашите срамни влакненца

Сакајќи да дознаат дали придобивките се посилни во однос на негативните последици, тие направиле истражување за да ги измерат потенцијалните опасности. Нивните резултати едноставно ќе ве замислат и ќе ве натераат да се запрашате дали отстранувањето на овие непосакувани влакненца навистина вреди колку што сте мислеле.

Најпрво, тие откриваат дека ние сме единствените цицачи во светот кои имаат густи срамни влакна. Зошто? Според теориите, тие со текот на еволуцијата останале присутни на човечкото тело како знак дека сме подготвени за парење. Од друга страна, фактот што ги прикриваат жлездите за потење ни укажува дека нивното присуство може да значи и задржување на феромоните со цел да се привлечат потенцијални партнери. Исто така, тие служат и како заштита за време на триењето кое настанува во текот на сексуалниот однос.

Но, овие фактори не се доволни за да нè спречат да се ослободуваме од нив, без разлика дали станува збор за депилирање, епилирање, бричење или употреба на ласер или некаков вид креми за отстранување. Според едномесечната студија на над 1.000 студенти, се открило дека поголемиот дел од нив, поточно 96% од жените и 87% од мажите или целосно или делумно ги отстрануваат своите срамни влакна.

Па, кои се најстрашните причини поради кои би требало да престанеме да го правиме тоа?

1. Чешање, насип и внатрешни влакна

Истражувањето покажало дека 75% од луѓето кои ги отстраниле нивните срамни влакна доживувале генитално чешање и 40% страдале од насип. Воопшто не треба да се спомнува огромниот процент на внатрешни влакна кои прават дополнителни проблеми.

2. Поголемо ширење на полово преносливи болести

И покрај тоа што со отстранување на срамните влакна се намалени инцидентите со пренесување срамни вошки, сепак оваа навика предизвикува абразии на кожата кои можат да се инфицираат и многу лесно да пренесуваат полово преносливи болести. Всушност, се открило дека токму отстранувањето на влакната се поврзува со зголемување на инфекциите предизвикани од гонореја, кламидија и ХПВ.

3. Генитални повреди

Очигледно најчесто пријавуваната генитална повреда во светот е онаа предизвикана од отстранувањето на срамните влакненца. Изгледа не станува збор само за мало потсекување со брич.

Па, дали би требало да продолжите со оваа навика или пак, да го промените вашето мислење? Погледнете го следново видео и одлучете самите…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар