3 стилски начини на коишто можете да ги носите тесните фармерки
Од многу модни експерти ќе слушнете дека овие денови тесните фармерки полека стануваат нешто што повеќе не се носи, односно дека не се дел од трендот. Многу попопуларни се фармерките со рамен крој или ѕвонарките, но немојте толку лесно да се откажете од тесните модели. Не случајно целото ова време тие беа главен тренд, бидејќи навистина добро стојат и одлично се комбинираат со најразлични стилови и дневни парчиња облека. Ние издвоивме 3 начини кои моментално се најактуелни и најатрактивни, па ви даваме мала инспирација за некоја од следните комбинации што ќе ги облечете.
1. Обидете се овој модел на фармерки да го комбинирате со некој џемпер во форма на фустан, кој најверојатно го имате во вашиот гардеробер уште од претходната сезона. Овие џемпери беа познати и минатата есен/зима, а овој пат се еден од трендовите кои не смеете да ги изоставите во своите комбинации. Токму поради тоа, вашите тесни фармерки комбинирајте ги со штикли или чизми до глуждовите. Со оваа комбинација секогаш можете да вклучите модни детали како што е чанта, накит или марама. Тие ќе ја разубават целата комбинација и ќе ја направат да изгледа помодерно.
2. Тесните фармерки и понатаму се најдобри кога се носат со подвиткани ногавици до глуждовите или пак се во таа должина. Ова е секако еден од стилските трикови кој ќе ве направи поатрактивни. Овој пар фармерки комбинирајте го со чизми до глуждовите или вашите омилени штикли. За горниот дел изберете некоја маица или потесна блуза, а преку неа сако или уште подобро кожна јакна која совршено ќе одговара со целата комбинација. Во ова издание ќе можете да одите на работа, на прошетка во текот на денот, но и да отидете на вечера или во некој клуб каде што ве очекува одлична забава. Ова е дефинитивно комбинација која можете да ја носите од утро до мрак и секогаш да изгледате совршено во неа.
3. Кога веќе се зборува дека овој модел на фармерки не е во тренд, тогаш ќе направиме да бидат. Најлесен начин за тоа е ги комбинирате со парчиња облека кои се модерни, како што е долг елек кој е доста популарен и може да се комбинира во различни ситуации. За горниот дел изберете ролка или џемпер, а за обувки, оксфордки. Додадете занимлив детаљ по ваш избор и ќе изгледате одлично во оваа есенска комбинација.