3 совети да бидете фантастичен шеф

3 совети да бидете фантастичен шеф

Ефективниот и индивидуалниот стил на лидерство е клучен во напредокот на сечија кариера. Една неодамнешна студија открива дека младите шефови денес се стремат да бидат трансформални, односно да ја ценат соработката, страста за работата и целта пред сообразноста и процесот. Сакаат да создаваат свои правила, да смислуваат нови работи и да ги менуваат начините на работа. Независно колку сте стари, доброто лидерство бара пракса и вежбање. Во тој контекст, прочитајте ги 3-те совети како да бидете фантастичен шеф според мислењата на експертите.

3 совети да бидете фантастичен шеф

1. Споделувајте информации

Најважната особина која луѓето ја бараат кај лидерите е искреноста.

„Никој не сака трачеви, гласини и оговарања“, вели Дан Швабел, автор на книгата „ Промовирајте се себеси: Новите правила за успех во кариерата“.

Обидете се да ја стекнете довербата на својот тим и погрижете се редовно да се состанувате со нив и да им давате соодветен фидбек. Запознајте ги подобро своите колеги и обидете се да дознаете во кое поле им е потребна помош.

2. Бидете тоа што сте, но бидете и спремни за подобрување

„Оваа генерација повеќе ги поддржува различните типови лидерство“, вели Линдзи Полак, автор на книгата „Станувајќи шеф: Нови правила за следната генерација лидери“.

Доколку не сакате да зборувате во јавност, да пренесувате лоши вести или да правите различни работни функции, не треба да мислите дека не сте способни да бидете лидер. Клучот е да спознаете каде треба да се подобрите, во кој дел од вашиот карактер и работен перформанс е потребна промена, да ги прашате колегите за коментар, или да побарате помош од некој надворешен извор како ментор.

3. Дајте им слобода на своите колеги да напредуваат

Витни Волф, 26-годишната коосновачка на социјалната мрежа Тиндер, препорачува да ги охрабрувате своите колеги да се чувствуваат како претприемачи, слободни да придонесуваат и остваруваат свои идеи во организацијата. Таа неодамна добила една фантастична идеја од еден стажант во нејзината компанија.

„Не можете да водите со страв. Резултатите се подобри кога луѓето се чувствуваат охрабрено“, вели таа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар