3 симптоми на алергиска реакција што не смеете да ги игнорирате
Алергијата е една од најчестите здравствени проблеми, а сепак нејзините симптоми често се мешаат со оние на други болести, како на пример, настинката. Токму затоа и доколку ги почувствувате овие симптоми одеднаш, особено ако никогаш досега не сте имале алергиска реакција, веднаш посетете го вашиот доктор.
1. Симптоми што наликуваат на настинка
Ако забележите дека постојано кашлате, тоа може да биде знак за алергија. Ако сте настинати, кашлањето е проследено со воспалено грло што боли, но ако станува збор за алергиска реакција, болката во грлото изостанува.
2. Осипи на кожата
Многу е лесно погрешно да се претпостави дека осипот за време на топлите летни денови е поврзан со убод од комарец или некој друг инсект. Но многу е важно да запомните дека дури и комарците можат да предизвикаат сериозна алергиска реакција. Вие мора да обрнете повеќе внимание на останатите делови од телото што доаѓаат во контакт со вашата облека – ако и таму имате осипи, можеби вашата кожа реагира на материјалот или на детергентот што го користите.
3. Отечени капаци, очи што чешаат
Еден од најчестите симптоми на алергиска реакција е очи што солзат и чешаат. Овој симптом најчесто се појавува кога има контакт со полен или првут од домашно милениче. Внимавајте на натекувањето на вашето лице, и на другите делов од телото – овие симптоми можат да укажуваат и на реакција на одредена храна.
Неколку совети
- Вашиот доктор најдобро ќе ги идентификува супстанците што ги предизвикуваат вашите алергии доколку водите детален дневник. Запишувајте детални описи од алергиските реакции, во кои состојби се појавуваат, како и што им претходело.
- Секогаш имајте медикаменти (антихистамини) при рака.
- Ако вашата алергиска реакција се појавува повеќе од еднаш неделно, дури и откако ќе земете антихистамини, веднаш посетете го докторот.
Прочитајте ги и овие дополнителни информации за како да направите разлика помеѓу обична настинка или алергија.