3 шик комбинации со едноставен фустан на преклоп

3 шик комбинации со едноставен фустан на преклоп

Едноставните еднобојни фустани се нешто што секоја девојка треба да го има бидејќи лесно се комбинираат во секаков изглед и за секоја пригода. Бидејќи фустанот е едноставен, акцент се става на аксесоарите чиј избор зависи од пригодата и ефектот кој сакате да го постигнете. Со правилен избор на аксесоари, ова навидум едноставно парче облека кое може да го најдете по многу ниски цени, ќе стане дел од вашиот луксузен, женствен и елегантен изглед.

Комбинација #1

За опуштен и секојдневен изглед, искомбинирајте го фустанот со ниски сандали со впечатлива боја, како на пример тиркизна која секогаш е добредојдена во лето. Одберете впечатлив накит како долго ланче со детаљ во различна боја, како и практична чанта со долг ремен која може да ја носите и преку рамо. Сјаевите за усни во нежни розови нијанси се секогаш добредојдени во вакви пригоди.

1-3-shik-kombinacii-so-ednostaven-fustan-na-preklop-www.kafepauza.mk

Комбинација # 2

За поелегантен шмек, одберете високи сандали со ремче на глуждот и шик торбичка со монисти. Кога станува збор за накит, неколку нежни миди прстени се одлични во оваа комбинација, а за посебен ефект одберете потемна и впечатлива нијанса на лак за нокти. Овој изглед е совршен за љубовни состаноци, па не заборавајте да обрнете внимание на шминката. Со неколку земјени, неутрални нијанси, создадете ефект на зачадени очи и заведувајте со поглед.

0-3-shik-kombinacii-so-ednostaven-fustan-na-preklop-www.kafepauza.mk_ copy

Комбинација # 3

За покласичен изглед одберете чанта во корална боја која привлекува внимание, ниски оксфордки, како и накит со летен шмек како обетки во форма на морска ѕвезда.

3-3-shik-kombinacii-so-ednostaven-fustan-na-preklop-www.kafepauza.mk

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар