3-секунден тест ќе ви открие во каква форма сте и колку долго ќе живеете

3-секунден тест ќе ви открие во каква форма сте и колку долго ќе живеете

На прв поглед оваа вежба ќе ви изгледа како да е премногу лесна, но реалноста е сосема спротивна, особено ако сте ја запоставиле физичката активност. Можете да се тестирате каде и да се наоѓате, бидејќи не бара никакви дополнителни направи и трае само неколку секунди. Сè што треба да направите е да се облечете во удобна облека и да носите само чорапи или да бидете боси.

Тестот за седнување и станување бил осмислен од страна на бразилскиот доктор Клаудио Гил Араухо, а со негова помош се мерат есенцијалните нешта за одредување на физичката форма – силата, флексибилноста и рамнотежата.

Па, како да го направите овој тест? Застанете право на подот, и потоа седнете со вкрстени нозе без да ги користите рацете за помош при спуштањето. Потоа исправете се, повторно, користејќи ги само вашите нозе. Ако сте го направиле ова со леснотија, или минимален напор, тогаш без сомнение сте во одлична кондиција. Ова значи и дека сте си го продолжиле животниот век. Но, ако сте ги користеле рацете или пак, сте се потпирале на бедрата при станување и сте губеле рамнотежа, тоа значи дека сте во лоша форма. Ова пак, значи дека вашиот животен век е намален.

Имајте на ум дека оваа вежба може да биде потешка за оние што имаат проблеми со коленото, па затоа се препорачува да имаат некој во близина во случај да им треба помош.

Погледнете го следното видео за подетални инструкции и дознајте во каква форма сте моментално!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар