3 салати што ќе ви дадат многу енергија и чувство на ситост
Салатите веќе долго време се обичен оброк, па многумина не можат да разберат како некој може да јаде само салата и да чувствува ситост. Сепак, разни салати што содржат најразлични хранливи состојки се всушност квалитетен оброк што можете да го направите сами за само неколку минути, а потоа ќе се чувствувате како да сте јаделе храна што содржи многу калории. За следните три салати ви треба грст рукола и грст млад спанаќ, а како основа може да послужи и зелената салата.
1. Салата со пилешко месо и сино сирење
За оваа салата ви требаат мали парчиња домат, краставица, црвена пиперка, кромид, маслинки и пржено пилешко месо. Исечканиот спанаќ измешајте го со рендана зелена салата и додајте ги сите горенаведени состојки. Одозгора ставете сино сирење, а можете да додадете и мали парчиња сланина.
2. Салата со печурки и пченица
Сварете ја пченицата, измешајте ја со спанаќот и со руколата, а потоа додајте исечкани печурки, кромид и ротквици. Можете да додадете масло, оцет и зачини по желба. Исто така, можете да додадете и семки од тиква за вашата салата за да биде крцкава.
3. Салата со слануток и таан
За оваа салата ви требаат грст рукола и грст спанаќ, а вкусот ќе го подобрите со кремастиот сос од таан. Сланутокот е богат извор на протеини, а покрај тоа, може да додадете и свежи краставици и малку сусам.
Погледнете го овој рецепт како да направите помфрит без компири.