3 разговори кои треба да ги направите со вашата љубов пред веридбата
Веридбата е огромен чекор во секоја врска. Во оваа фаза, вие веќе треба да знаете многу нешта за вашиот партнер, како и да сте ги направиле овие 3 разговори кои се важни за вашата иднина. Со нивна помош, вие можете да откриете дали размислувате во истата насока за вашата врска и доколку не се согласувате за некое од нив, можете со време да разјасните дали има шанса за промена или не.
1. Деца
Едно од најважните нешта, пред да почнете сериозно да ја планирате вашата заедничка иднина, е разговорот за основањето семејство и имањето деца. Дали вашиот партнер сака да стане родител или не? Тоа е прашање на кое мора да го знаете одговорот, без разлика дали вие сакате да имате деца или не. Разговорот на оваа важна тема можете да го започнете така што ќе го искажете вашиот став и ќе објасните колку ви е важно да го почитувате. Кога ќе го изнесете своето мислење, прашајте го партнерот какви се неговите или нејзините ставови, односно откријте дали го посакува истото како вас и ако не, дали има шанса за промена на мислењето.
2. Пари
Веридбата најчесто значи и заеднички живот, а тоа води кон делење на финансиите. Токму затоа и вие имате право на увид во финансиската ситуација на вашиот партнер. Прашајте го/ја дали има некои невратени долгови и неотплатени кредити, како и дали има заштедени пари. Исто така разговарајте и за плаќањето на свадбата. Понекогаш е многу тешко да се разговара за пари, но во овие моменти вие мора да бидете искрени. Разговарајте и за приоритетите кога станува збор за трошење пари, како и за начините на кои најдобро можете да заштедите. Многу е важно да ги познавате вашите размислувања на оваа тема со цел да откриете каде се согласуваат, а каде е потребно да се направат компромиси.
3. Навики
Бидејќи ќе живеете заедно, треба однапред да откриете точно што ќе ве очекува. Токму затоа разговарајте со партнерот за вашите навики, завршувањето на домашните обврски, дневниот ритам… Вие мора да бидете свесни дека делењето живот со друга личност, без разлика колку сте заљубени во неа, има свои предности, но и маани. Важно е предностите да бидат повеќе од мааните со цел да можете да живеете во хармонија.