3 работи што ги научивме од животот на Тина Тарнер

3 работи што ги научивме од животот на Тина Тарнер

Тина Тарнер е широко прифатена светска дива која ги инспирираше жените ширум светот. Преку нејзините приказни и дела, таа наведе многу жени да бидат посилни.

Нејзината приказна за животот, кариерата и мајчинството нè натера да помислиме дека никогаш, никогаш не смееме да престанеме да се бориме. Кога имала 38 години, Тина успеала да избега од сопругот кој ја малтретирал.

3 работи што ги научивме од животот на Тина Тарнер

Остави сè: кариерата, парите, децата и побегна од него. На 38-годишна возраст, таа мораше да започне одново. Немаше поддршка и помош, мораше да се потпре само на себе. Сè што постигна, таа го направи сама, без ничија помош.

Инспирирани од оваа приказна, дојдовме до овој заклучок: животот е краток – никогаш не знаете колку далеку можете да одите ако не пробате!

1. Не размислувајте за минатото – тоа само ви пречи. Морате да ја развивате својата кариера од дваесеттите до триесеттите години за да имате работно искуство што ќе ви помогне.

До четириесет години веќе може да имате кариера што ќе ве поддржува и ќе ви обезбеди безгрижни денови во пензија. Сето тоа е убаво, но тешко е животот да се случи по правило. Убаво е да имате 20 или дури 25 години искуство во една деловна активност. Но, животот денес оди брзо.

Ако не работите на себе, некој ќе дојде и ќе ве прегази, и покрај сето тоа долгогодишно искуство. Често се случува работно место кое било тековно пред дваесет години, да не постои денес. Да, она за што се школувавме веќе не вреди.

2. Побарајте помош

Денешниот свет се врти околу таа изрека: „Ти за мене – јас за тебе!“. Денес, трговијата со услуги стана поактуелна и поценета од тргувањето со кој било производ. Не плашете се да побарате помош затоа што никогаш не знаете каде може да ве однесе.

3. Не сте заглавени во оваа моментално лоша ситуација

Застрашувачки е да оставите работа што ги плаќа сметките и да започнете нешто толку ризично како приватна работа или која било друга нова работа. Меѓутоа, ако не сега, тогаш – кога? Постои изрека: „Помести се, не си дрво!“.

Тоа значи дека секоја промена е добра работа. Животните лекции произлегуваат од тоа. Најлесно е да лелекаш и да се молиш за нешто да се промени. Никој нема да ти помогне ако не си помогнеш себеси.

Прочитајте ги овие 5 инспиративни психолошки совети за 2021 година што навистина помагаат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар