3 работи кои никогаш не треба да ги правите ако сакате да заведете или да задржите момче
Сигурно барем еднаш сте биле во врска во која сè било во ред, за на крајот да заврши болно. Она што е болно за многу жени е што не знаат која е причината за крај. Тие вложиле многу во врската, и на крај биле оставени. Ако сте биле во ваква ситуација, сигурно сте си поставувале многу прашања. Но дали знаете дека е возможно вие несвесно да сте ја уништувале вашата врска? Без разлика колку вашето момче (сегашно или идно) е привлечено од вас, овие 3 работи можат многу лесно да му го променат мислењето.
1. Не однесувајте се како негова мајка
Мажите почнуваат врски бидејќи сакаат љубовници, а не мајки. Тие бараат партнер, а не родител. Штом ќе почнете да го управувате секое негово движење и да го потсетувате на работите кои треба да ги прави, големи се шансите да престане да ве сака. Ова сценарио е многу често во врските. Жените сметаат дека имаат право да го следат секое движење на нивниот партнер и сакаат да знаат што прави во текот на целиот ден. Ова е знак за емоционална несигурност и води кон „мајчинско“ однесување од кое мажите бегаат.
2. Немојте да бидете негов психолог
Жените се обидуваат да го протолкуваат однесувањето на мажите. Се обидуваат да ја разберат нивната перспектива, и уште полошо, се обидуваат да ги „поправат“ мажите и да го променат нивното однесување. Тие сакаат да контролираат и често прават планови дури и за животот на нивните партнери. Важно е да знаете дека не можете да ги „поправите“ мажите. Не им е потребен психолог и не им е потребно вашето разбирање. Тие само сакаат да ги прифатите. Тие не ви ги кажуваат нивните проблеми за да им ги решите. Едноставно им е потребно да ги ислушате без судење. Мажите ќе се променат само ако сметаат дека тоа ќе ги направи посреќни и подобри.
На жените многу често не им е јасно зошто нивниот партнер не сака да се промени. Или пак чудно им е зошто партнерот се променил кога бил толку добар на почетокот на врската. Вистината е дека мажите го покажуваат најдоброто од нив на почетокот. Па уште тогаш обрнете внимание на ситниците кои малку ви пречат. Имајте на ум дека по некое време тие ситници може да станат голем проблем. Ако не можете да се справите со нив на почетокот, нема да можете ни подоцна во врската.
3. Немојте да му бидете последна шанса
Дали вашиот партнер ве бара само кога му е потребно нешто? Дали е добар и ви обрнува внимание само кога бара нешто, како на пример секс? Дали ве посетува само кога има слободно време, откако ќе ги заврши другите обврски? Дали се поврзува со вас само во одредено време, кога му е здодевно? И најважно од сè, дали вам ви е добро со овој третман и дали му дозволувате да се извлече со тоа однесување?
Ако одговорот е да, тогаш вие сте неговата последна шанса. Вие сте личноста кон која оди кога му е здодевно или кога му е потребна помош. Ако мислите дека ова е начин да го задржите партнерот и да го натерате да ве „сака“ бидејќи секогаш сте овде за него, грешите.
Мажите нема да ве почитуваат ако не се почитувате самите. Како ќе ве сакаат ако вие не се сакате? Ако се однесува со вас на овој начин, подобро ќе ви биде без него. Исто така ова однесување може да биде знак за насилство во иднина.
Некои сметаат дека привлечноста е само на површината. Но привлечноста е важен дел од секоја здрава врска. Кога нема привлечност помеѓу партнерите, врската полека умира.
Погледнете и кои се грешките кои ги прават жените во љубовните врски.