3 промени што ќе ви се случат кога ќе престанете да јадете бел леб

3 промени што ќе ви се случат кога ќе престанете да јадете бел леб

Лебот на многумина им е омилена храна без која не можат да си замислат ниту еден ден. Но, истовремено, оваа бомба со јаглехидрати доаѓа во многу различни облици, од кои голем дел се штетни и за нашето тело и за нашата линија. Ако ги тргнеме на страна здравите верзии, и се фокусираме само на најлошата, односно на белиот леб, не можете ни да замислите колку вашиот живот ќе се подобри доколку целосно го исфрлите. Прочитајте во продолжение кои се придобивките од живеењето без бел леб.

1. Ќе ги изгубите несаканите килограми

Лебот е преполн со јаглехидрати, а наглото исфрлање на истите може да се забележи скоро инстантно, и тоа најчесто во губење тежина. Со исфрлањето на белиот леб од вашиот живот, вие веднаш ќе ја изгубите дополнителната вода што се насобира во телото. Телото ги складира јаглехидратите во облик на гликоген, млечна киселина што собира вода. Секој грам јаглехидрати што е задржан во телото може да повлече и до 4 пати повеќе вода од својата тежина.

2. Нема постојано да чувствувате глад

Преработените јаглехидрати, со кои белиот леб е преполн, во вашиот организам предизвикуваат нагло растење на шеќерот, што брзо потоа и нагло опаѓа. Во овие моменти мозокот добива нејасни сигнали, па затоа и ви го зголемува чувството на глад, предизвикувајќи ви да се здебелите. Ова не значи дека треба да го исфрлите секој вид леб од вашиот живот, туку да го отстраните само белиот леб што е преполн со празни калории и да го замените со оној направен од целосни зрна што го регулираат и балансираат шеќерот во крвта.

3. Ќе ви се зголеми енергијата

За разлика од интегралниот или црниот леб, белиот не содржи хранливи влакна што се потребни за правилна работа на цревата. Оваа исхрана предизвикува тврда столица и проблеми со дигестијата. Но во истиот момент штом го исфрлите белиот леб, и ја „наполните“ исхраната со продукти од цели зрна, вашето тело ќе почне да работи онака како што е правилно, притоа полнејќи ве со многу енергија.

Прочитајте ги и најчестите митови за лебот во кои треба веднаш да престанете да верувате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар