3 продукти кои не треба да ги јадете и пиете за време на ручекот
Дали често станувате поспани откако ќе го изедете вашиот ручек? Не сте единствени затоа што со овој проблем се соочуваат голем број луѓе. Тоа многу зависи од храната којашто ја јадете и како таа делува врз вашиот организам. Најдобро е да се руча околу 12 или 13 часот, затоа што колку повеќе го одложувате овој оброк, толку повеќе ќе огладнувате и ќе имате поголема желба за храна полна со шеќери и масти, како што е пржената храна и слатките. Идеалниот ручек треба да содржи витамини, минерали, здрави масти, јаглехидрати и белковини. Затоа добар избор за ручек можат да бидат сендвичи (со пилешко, јајца, сирење или печено говедско месо) и тестенини со цело зрно, салати, риба (скуша, лосос, сардини), супи, мешунки и кускус. Следните три продукти се меѓу најлошиот избор за ручек затоа што предизвикуваат пад на енергијата.
1. Пржени компирчиња
Помфритот се пржи во многу масло и станува збор за едноставни јаглехидрати кои секогаш треба да се избегнуваат затоа што откако нагло ќе го зголемат нивото на шеќер во крвта, нагло и го спуштаат. Доколку за ручек јадете помфрит, многу е веројатно да почувствувате брзо опаѓање на енергијата и поспаност.
2. Кравјо млеко
Иако млекото од крава може да биде дел од балансирана исхрана, тоа истовремено има и негативно влијание врз енергијата на телото. Ова млеко тешко се преработува, поради што поголем дел од крвта оди во цревата, а остатокот од телото мора да функционира со намален проток на крв. Поради тоа се создава чувство на мрзливост.
3. Путер од кикирики
Откако ќе изедете сендвич со путер од кикирики, многу е веројатно да ве зафати поспаност. Виновникот за тоа се наоѓа во аминокиселината триптофан, што се содржи во овој намаз, којшто особено е популарен во Америка. Но, не мора целосно да го избегнувате овој путер, туку можете да го комбинирате со „супер“ храна, којашто ни дава енергија, како што се житарките, чија семето, одредени овошки и други здрави производи.