3 природни лекови против грчеви во нозете
Дали и вие сте една од оние личности кои страдаат од ненадејно грчење на мускулите во нозете? Доколку оваа болка ве буди од сон и ви пречи во секојдневните активности, обидете се со следниве природни решенија за олеснување на болките во мускулите…
1. Јадете храна која е богата со калиум
Еден од најчестите причинители на грчењето во мускулите е недостатокот на калиум во телото. За да ја вратите рамнотежата на овој клучен минерал јадете храна која е богата со оваа хранлива вредност, како бананите и компирите.
2. Движете се
До грчење во мускулите може да дојде и поради намалено движење, односно повеќечасовно седење или лежење во иста позиција. Најлогичниот одговор на овој проблем е физичката активност. Не заборавајте на оваа активност, ако ништо друго барем шетајте на воздух, а доколку сте постојано пред лаптоп станувајте на секои 20 минути, растегнете се и продолжете со работата.
3. Топли облози
Кога ќе ве фати грч, притиснете на средината од болното место и држете 15-тина секунди, опуштете го мускулот и повторете. Правете го ова сè додека болката не попушти. Секогаш можете да посегнете и по топли облози или топла бања која ќе ги опушти сите ваши мускули.
Совет: Доколку ништо од овие решенија не ви помага, можеби е време да се консултирате со доктор.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.