3 причини зошто треба да студирате во странство

3 причини зошто треба да студирате во странство

Несомнено, најголемата одлука која учениците треба да ја направат при крајот на средното училиште е изборот на факултет. Секако влијаат многу фактори, како просекот, финансиската состојба, познавање на јазик и квалитетот на знаењето, но сепак големи се шансите дека има стотици факултети кои би сакале да ве примат. Токму затоа и вашите можности се бескрајни. Па, погледнете зошто би требало да одберете да студирате во странство…

3 причини зошто треба да студирате во странство

1. Културниот шок е краткотраен

Доволни ви се само неколку месеци за да се навикнете на промените и да се адаптирате на вашето ново место на живеење. Вие исто така ќе имате можност и да искусите дел од оваа нова култура, притоа збогатувајќи ја и вашата. Едноставно не можете да не се вклопите, без разлика каде ќе одлучите да одите. Некои работи ќе ви бидат прифатливи, некои не, па токму затоа и ќе ги одберете оние кои ви одговараат и ќе се придржувате до нив. Многу брзо овој нов живот ќе стане дел од вашето секојдневие и потоа, којзнае, можеби нема да сакате никогаш повеќе да го напуштите.

2. Оддалеченоста од дома ќе ви помогне подобро да се спознаете

Да, некој би кажал дека самиот факултет помага подобро да се запознаете самите себеси. Но, поголемата оддалеченост од вашиот роден град и фактот дека не познавате никој друг околу вас ќе ве направи да бидете многу повеќе насочени кон себе отколку претходно. Вие сами ќе мора да се снаоѓате со проблемите и да носите одлуки, па токму затоа и ќе почнете повеќе да се слушате. Исто така, кога немате репутација, луѓето мора да ве анализираат според вашиот карактер. Вашите колеги нема да формираат мислење според вашето друштво или пак, според вашите родители, па затоа и секое пријателство кое ќе го стекнете ќе биде многу поавтентично. Вие имате слобода да размислувате самите, да бидете оние кои навистина сте и да почнете свежо од почеток.

3. Преземањето ризик ќе ве натера да посакате да преземате повеќе ризици (тоа е добро!)

Свесното преземање ризик има тенденција за домино ефект. Откако еднаш ќе направите нешто што отсекогаш ве плашело и добиете добри резултати, природно е да посакате да правите повеќе од овие нешта кои секогаш сте мислеле дека не можете да ги направите. Како што продолжувате да излегувате од вашата секојдневна рутина, вие почнувате да растете како луѓе. Вие почнувате да искусувате нешта кои никогаш не сте верувале дека ќе ги направите и токму затоа и станувате подобра личност. Поисполнета. Ова може да доведе и по дипломирањето да не ја одберете „сигурната“ кариера, туку да се насочите кон она кое навистина би сакале да го работите. Звучи како добар план, се согласувате?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар