3 причини зошто е добро да имате пријатели на работа
Без разлика колку се обидувате да го направите работното место исклучиво само за работа, без склопувањето блиски пријателства, тоа не е баш едноставно. Сепак, луѓето се социјални битија и на секој од нас би му годело да има колега со којшто може да се дружи.
Па, нема потреба работното време да ви биде монотоно и напорно, потребно е само да најдете личност која ќе ви одговора. Кога работното опкружување ќе ви биде пријатно, кога ќе имате со кого да разговарате и да се насмеете, денот ќе ви биде помалку стресен и ќе бидете многу попродуктивни. Причината е тоа што ќе се чувствувате пријатно и нема да постои непријатната напнатост додека размислувате само за крајот на вашата смена. Погледнете зошто треба да имате барем еден пријател на вашето работно место.
1. Ќе ги поддржува вашите идеи
Бидејќи секогаш постои несигурност за тоа како ќе ја прифатат вашата идеја, целото искуство ќе ви биде многу полесно кога знаете дека имате некого на ваша страна.
2. Ќе инсистира на пауза кога навистина ви е потребна
Доколку вашиот колега забележи дека сте уморни, ќе ви донесе кафе или ќе ви предложи да прошетате, со цел да го ослободите мозокот од напорната работа. Покрај тоа, ако сте забележале дека и другите колеги имаат слични интереси и смисла за хумор како вас, можете да го проширите вашето друштво и да уживате во секоја пауза.
3. Ќе ве слуша
Колку пати ви се случило некој навистина да ве разгневи во канцеларијата, но да немате со кого да го споделите ова непријатно искуство? Кога ќе имате пријател на работа, секогаш ќе имате личност којашто ќе ве ислуша, ќе ве поддржи, но и ќе ве посоветува. Покрај тоа, ако колегата работи подолго за компанијата од вас, ќе знае како треба да се однесувате со секого.
Доколку со колегата можете да се разберете и да уживате во заедничкиот разговор, можно е да ви стане најдобриот пријател и надвор од работното место. Секогаш е добро да имате личност со која можете да правите разни работи, но и да ги споделувате најинтимните тајни.
Погледнете ги и знаците кои покажуваат дека не можете да им верувате на вашите колеги.