3 причини поради кои можете безгрижно да јадете сладолед
Омилениот летен десерт на многумина е одличен не само поради тоа што освежува, туку има и неколку други карактеристики поради кои треба да уживате во неговото консумирање.
1. Изобилува со калциум
На еден возрасен човек, дневно му се потребни 1.000 мг калциум, додека на трудниците и на децата им е потребно повеќе. Поради млекото како основна состојка во произведувањето на сладоледот, овој леден десерт е богат извор на калциум, но и на витамините А и Б.
2. Помага во одржувањето на телесната тежина
Поради количеството на шеќер и млечни масти, сладоледот оладен на 6 степени Целзиусови се смета за „опасен“ за одржувањето на телесната тежина.
Но, некои истражувања тврдат дека состојките како калциумот условно ја смалуваат калориската вредност која изнесува помеѓу 125 и 300 калории на 100 грама. Но нормално, тоа не значи дека од сладоледот се слабее.
3. Содржи витамини и антиоксиданси
Овошните сладоледи кои се подготвуваат од замрзнато или од свежо овошје може да се најдат на листата здрави производи, бидејќи содржат многу витамини. Вкусовите на кафе и чоколадо, доколку се прават од зрна кафе и какао, обезбедуваат доза на антиоксидансот полифенол, кој го штити срцето, крвните садови и имунолошкиот систем.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.