3 прекрасни бои кои ќе ви дадат софистициран изглед

3 прекрасни бои кои ќе ви дадат софистициран изглед

Секоја девојка знае дека покрај квалитетот на материјалот и дезенот, многу важен фактор при изборот на облека е и бојата. Постојат мал број нијанси кои ќе ве наполнат со самодоверба и ќе направат да изгледате одлично без оглед на ситуацијата и на вашиот стил. Професионалните стилисти советуваат дека со следниве 3 бои никогаш нема да можете да погрешите, бидејќи тие ќе ви дадат модерен и софистициран изглед…

3 прекрасни бои кои ќе ви дадат софистициран изглед

1. Бела

Белата боја како да ја испраќа следнава порака: „Животот ми е толку убав што никогаш не морам да користам јавен превоз, а улиците се чисти како солза.“Белото е новото црно. Можете и треба да носите бело од глава до пети, со тоа што ќе го надополните изгледот со некои црни или неутрални модни додатоци за да разбиете монотонија. Белото одлично стои во комбинација со нежно сини и сиви нијанси.

3 прекрасни бои кои ќе ви дадат софистициран изглед

Доколку сакате да се издвоите од толпата, соберете храброст и облечете бел капут. Ставете очила за сонце и интересни модни додатоци и нема сомнеж дека ќе изгледате како вистинска холивудска ѕвезда. Освен тоа, белите чевли и белата чанта можат да ја претворат секоја обична модна комбинација во нешто модерно и впечатливо.

2. Црвена

Црвената отсекогаш била и останала боја на луксузот. Таа најдобро им одговара на храбрите жени кои можат да привлечат сечиј поглед. Но, ако решите да облечете нешто црвено, мора да внимавате вашата кожа, коса и шминка да изгледаат совршено, бидејќи во спротивно, изгледот нема да го постигне саканиот ефект. Заборавете на комбинацијата црвено со црно, премногу е драматична. Наместо црно, одберете топли кафеави нијанси или светла беж боја. Исклучок може да направите кога станува збор за малите црни модни додатоци и црните чевли.

3 прекрасни бои кои ќе ви дадат софистициран изглед

Доколку се одлучите за црвен моден додаток, ќе изгледате повлијателно. Црвената облека не би требало да има дезен, бидејќи се уништува впечатокот. Комбинирајте ги црвените чевли со нежни и светли парчиња облека од кашмир. Не заборавајте дека и да не носите ништо друго освен црвено, ќе изгледате елегантно. Дури и да ставите црвен кармин што ќе одговара на облеката, нема да претерате. Сепак, додадете некој мал елемент во бела или светло розова боја за да му дадете посовремена нота на целиот изглед.

3. Темно сина

Оваа боја многу често се заборава и занемарува без да се земе предвид фактот дека може лесно да се комбинира со други бои, како и да ви даде софистициран изглед. Темно сината боја е небесно елегантна и одлично се комбинира и со црвената и со белата боја. Морнарските палтенца од дебел волнен материјал одлично стојат со широки панталони, фармерки и молив здолништа.

3 прекрасни бои кои ќе ви дадат софистициран изглед

Покрај црвената и белата, темно сината боја и нејзините варијации совршено можат да се комбинираат со нежно кафеавите палтенца и јакни. Доколку сакате да бидете посмели и необични, додадете нешто со животински дезен на посериозните модни комбинации. Ако се облечете целосно во темно сино ќе изгледате послаби, исто како кога би се облекле целосно во црно. За да внесете нешто поразлично, додадете неколку црвени или бели модни додатоци и спремни сте да го освоите светот!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар