3 позитивни мантри кои ќе го направат вашиот живот подобар и посреќен

3 позитивни мантри кои ќе го направат вашиот живот подобар и посреќен

Со оглед на тоа што врз сите нас влијаеше јануарската депресија, потребно ни е малку позитивно размислување, и тоа веднаш. Шеријана Бојл, психолог и авторка на книгата „Мантрите поедноставени“ (Mantras Made Easy), собрала бројни мантри и слогани кои се создадени за полесно да се борите со најголемите животни предизвици.

1-prifatete-gi-vednash-3-pozitivni-mantri-koi-kje-go-napravat-vashiot-zhivot-podobar-i-posrekjen-www.kafepauza.mk_

„Исто како што сте скоро програмирани да реагирате на ѕвонењето на телефонот, така можете и да усвоите одредени зборови и фрази во вашата потсвест. Мантрите се начин за јасно да ги исфрлите негативните размислувања, отворајќи нови патишта на оние познатите“, објаснува Бојл.

Денес ви ги претставуваме нејзините 3 омилени мантри кои може да ви помогнат околу остварувањето на кариерата, решавањето на анксиозноста и пронаоѓањето смисла во животот.

1. „Си дозволувам да се фокусирам на работите кои ми носат радост, креативност и поврзаност!“

Кога ви недостига чувство за насока, фокусирајте се на позитивните работи и на останатите активности кои ви носат радост во вашиот живот, без разлика дали станува збор за уметноста, природата, животните или музиката.

2. „Имам доволно самодоверба и знаење за да превземам акција!“

Немојте да седите и да чекате сѐ да дојде на своето место. Создавањето живот полн со изобилство бара некој извесен степен на активности. Земете молив и хартија и создадете план, а потоа користете ги наведените мантри и остварете ги вашите соништа.

3. „Тоа ќе биде подобро отколку што мислам!“

Оваа мантра можеби ве потсетува на тоа дека вашите мисли никогаш нема да можат да ја фатат можноста и величественоста кои ви се достапни кога ќе си дозволите доживување на чувствата и одвојување од размислувањето.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар