3 погрешни сфаќања за теоријата дека спротивностите се привлекуваат
Теоријата дека привлечностите се привлекуваат стана една од најпопуларните верувања во модерниот начин на живеење и како што поминуваат генерациите, така луѓето стануваат сè позаинтересирани за овој феномен. Ние сакаме да гледаме необични комбинации на луѓе кои навидум не одговараат, но сепак функционираат беспрекорно. И да, вистината е дека спротивностите навистина се привлекуваат, но не на оној начин на кој вие верувате. Погледнете ги следниве најголеми митови на оваа тема и вистината која се крие зад нив.
Мит 1: Оваа привлечност се случува за секунда, удирајќи ве како мистериозен љубовен гром
Исто како што има големи шанси да ве удри гром кога сте поблизу до метален објект, исто така и привлечноста удира тогаш кога ќе најде ранлива точка. Под ранлива точка мислиме за однесувања кои не ги поседувате, но длабоко ги посакувате. Да претпоставиме дека сте срамежлива личност која за промена многу сака да биде во центарот на вниманието и одеднаш сфаќате дека ве привлекува екстроверт, кој е душата на секој собир. Оваа потреба за екстроверт во вашиот живот не ви се јавила одеднаш, за само една секунда. Таа полека се градела, без да ја забележите и потајно сте ја посакувале толку долго што одеднаш експлодирала, правејќи да ви се допадне онаа личност која ја поседува оваа карактеристика.
Мит 2: Оваа привлечност се случува кога сакаме да искусиме нов вид партнер
Станува збор за делумен мит, бидејќи од една страна вие сакате да пробате нешто ново, но од друга страна сте привлечени од оваа личност бидејќи и вие самите сакате да се чувствувате и однесувате како него или неа. Па, зошто тогаш едноставно не го промените вашето однесување наместо да започнете нова врска? Бидејќи вториот избор е многу полесен. Кога ќе започнете врска со личност спротивна на вас, вие инстантно станувате како нив така што позајмувате некои нивни карактеристики. Ако сте со партнер сосема спротивен на вас, вашата желба ќе биде остварена и одеднаш ќе бидете доживувани како сосема нова личност. Брзо и ефикасно.
Мит 3: Спротивностите се привлекуваат под влијание на хемијата
Вие веќе го знаете одговорот на овој мит според разрешувањето на претходните два. Не станува збор за хемија, туку за нешта поврзани со умот. Спротивностите се привлекуваат поради само една причина: Луѓето имаат потреба да бидат некој кој не се, но премногу се срамат или плашат да се променат себеси, па решаваат да го направат тоа на друг начин, преку внесувајќи сосема спротивна личност од нив во нивниот живот. Не е лесно да се признае дека сакате да искусите сосема нов свет, особено ако е против вашите ставови, но многу е лесно да се префрли вината на непобедливата сила наречена „спротивностите се привлекуваат“. Само имајте на ум дека зад оваа привлечност се крие само љубопитноста за какво е чувството да се биде во кожата на вашиот партнер.
Sprotivnostite se privlekuvaat ,ne privlecnostite haha 🙂 smeneto go imeto na statijata