3 одлични модни комбинации за дневно излегување во град

3 одлични модни комбинации за дневно излегување во град

Денес е првиот пролетен ден, а најдобриот начин да го прославите е да испиете кафе на сонце. Бидејќи веројатно сакате и во оваа прилика да изгледате беспрекорно, во продолжение погледнете неколку предлози за модна инспирација.

1. Комбинација со патики

3 одлични модни комбинации за дневно излегување во град

Покрај тоа што лесно се комбинираат со секаква облека, белите патики ќе ви помогнат да постигнете разни модни стилови. Нивниот минимализам е одлична инспирација за разни дневни комбинации, вклучувајќи го и излегувањето на кафе. Патиките можете да ги комбинирате со класични фармерки и голема кошула. Целата комбинација дополнете ја со интересен ремен, големи обетки и лежерна торба.

2. Комбинација со рамни чевли

3 одлични модни комбинации за дневно излегување во град

Изминативе неколку сезони рамните чевли им станаа омилен моден додаток на трендсетерките. Бидејќи излегувањето во град бара удобност, овие обувки се совршени за таа прилика. Можете да одберете светли балетанки кои одлично стојат со фустан, особено со цветен дезен. Целиот изглед можете да го дополните со чанта во боја, персонализиран накит и впечатливи очила за сонце.

3. Комбинација со високи потпетици

3 одлични модни комбинации за дневно излегување во град

Топлото време значи дека конечно ќе можете да ги носите разните пролетни штикли кои се одлични за секоја прилика. За излегување во град можете да ги комбинирате со тексас фустан со копчиња и едноставен џемпер. Можете да ја освежите комбинацијата со интересна марама и чанта со дречлива боја, како на пример, тренди розова.

Доколку не ви се допаѓаат овие предлози, погледнете ги комбинациите на бои кои секогаш изгледаат беспрекорно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар