3 нешта што треба да ги нагласите кога барате покачување на платата
Можеби веќе некое време се подготвувате за покачување на платата, па работите повеќе отколку што се бара од вас и постојано преземате иницијатива за да покажете дека ја заслужувате таа награда. Но доколку не се подготвите (и извежбате) за разговорот со вашиот претпоставен, многу е потешко навистина да го добиете покачувањето за кое толку напорно сте работеле. Па, за да ви помогнеме да ја постигнете таа цел, ги издвоивме следниве совети што мора да ги знаете!
1. Фокусирајте се на тоа зошто го заслужувате, наместо зошто ви е потребно
Сѐ се врти околу начинот на кој размислувате. На состанокот, зборувајте за тоа зошто сметате дека сте заслужиле покачување на платата наместо да објаснувате зошто ви е потребно (зголемување на киријата, потреба од ново возило, проширување на семејството…). Вашиот шеф не е заинтересиран за вашиот буџет, па затоа и нема да го смета за релевантен при одлуката дали ќе ви ја зголеми платата.
2. Потсетете се на три клучни постигнувања кои ќе ги спомнете во вистинскиот момент
Сосема е нормално да се чувствувате нервозно кога одите на разговор за вашата плата, па затоа однапред потсетете се на значајните постигнувања во текот на изминатата година. Секако, можете да носите и папка со потсетници, но би се чувствувале многу посамоуверени ако ги запомните овие постигнувања и кога би имале непрекинат разговор со шефот.
3. Објаснете како овие постигнувања ѝ помагаат на компанијата
Вашата работа е значајна, нема сомнеж. Но кога станува збор за преговори за платата, најважно е да ја поврзете работата со тоа што лежи напред. Повторно, завршете ја вашата домашна задача и направете чекор наназад така што ќе размислите која е најважната иницијатива на компанијата за таа година. Откако ќе ја идентификувате, објаснете го вашето место во остварувањето на таа цел и докажете дека сте клучни за успех и развој.