3 нешта што можете да ги научите од будизмот за живот без стрес

3 нешта што можете да ги научите од будизмот за живот без стрес

Бидејќи во нашиот живот доминира притисокот и помислата дека немаме време, ако некогаш го прифатите будистичкиот начин на живот ќе почувствувате вистинско олеснување. Нема потреба да одите на другиот крај на светот за да го искусите ова. Овие 3 лекции од будизмот можете да ги примените секаде, и тоа уште денес.

3 нешта што можете да ги научите од будизмот за живот без стрес

1. Престанете да барате привремена радост и пронајдете ја вистинската среќа

Еден од клучните принципи на будизмот е „дука“. Може да се преведе како „неспособност за задоволство“ и се однесува на човечката желба за непостојани нешта која никогаш не може да биде задоволена. Постојано бараме богатство, професионален успех, моќ… Односно, бараме нешта што не траат и ни носат само краткотрајно задоволство. Ова барање може да нè спречи во потрагата на нештата што навистина нè прават трајно среќни. Будизмот ќе ве натера да размислите што претставува вистинската среќа за вас.

2. Не испуштајте ја сегашноста поради минатото или иднината

Сигурно и вие сте навикнати на брзиот живот. Брзате за на работа, брзате до продавница, брзате да ги земете децата од училиште… Но, побавното темпо на живот може да биде навистина ослободувачко. Најважно е да живеете во сегашниот момент, без грижа за минатото или иднината. Будистичкиот мастер Тич Нат Хан изјавил:

„Имаме негативни ментални навики кои постојано се појавуваат. Една од најзначајните лоши навики е тоа што постојано му дозволуваме на умот да оди во иднината. Можеби ова сме го наследиле од нашите родители. Водени од нашите грижи, не сме во можност целосно да живееме во сегашноста. Длабоко во себе веруваме дека сè уште не можеме да бидеме среќни, дека имаме уште неколку обврски пред целосно да уживаме во животот. Сонуваме, правиме стратегија и ги планираме овие услови за среќа кои сакаме да ги имаме во иднина. И постојано ја бркаме таа иднина, дури и кога спиеме. Можеби чувствуваме страв за иднината бидејќи не знаеме што ќе се случи, а токму овој страв не ни дозволува да уживаме тоа што сме тука и сега“.

Престанете со брзање и уживајте во сегашноста. Ќе испуштите безброј искуства само затоа што размислувате за иднината и минатото. Можете да започнете со уживање во оброкот и пијалаците.

„Мора да бидете целосно будни за да уживате во чајот. Само свесноста за сегашноста ќе направат да ја почувствувате топлината на шолјата. Само во сегашноста ќе ја почувствувате аромата, вкусот и слаткоста. Ако размислувате за минатото или се грижите за иднината, целосно ќе го испуштите уживањето во шолја чај.“

3. Контролирајте ја вашата карма и создадете ја енергијата со којашто сакате да бидете опкружени

Будизмот ќе ве натера да размислите и за концептот на кармата. Таа е заснована на вашите постапки и мисли во секој даден момент. Можете да ја гледате како енергија што вие ја создавате постојано. Секоја намерна постапка или мисла ја генерира ова енергија. На пример, ако обично реагирате со гнев, така го програмирате вашиот мозок и ќе добивате слична енергија од луѓето околу вас. Ако реагирате со мир и смиреност, ќе добивате таква енергија. Бидете свесни за енергијата што ја создавате. Имате моќ да ги насочите вашите постапки и намери и да влијаете на опкружувањето. Бидете променета што сакате да ја видите!

Прочитајте ги и овие зен совети што ќе ви помогнат да најдете внатрешен мир.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар