3 нешта кои ниту еден родител никогаш не смее да ги каже на своите деца

3 нешта кои ниту еден родител никогаш не смее да ги каже на своите деца

Секој родител бил во ситуација кога едноставно изгубил контрола врз своето дете, па дури и покрај кажаниот збор „не“, сепак тоа продолжувало да се однесува на начинот на кој тоа сака. Згора на сè, додадете ги и крајните рокови на работа, непријатните средби со одредена личност или тешкиот и лош ден, па сосема е нормално во афект да не можете да ги одберете зборовите кои ќе ги искажете во оваа ситуација. Но, имајте на ум дека зборовите имаат значајно влијание врз вашите деца, особено ако постојано се повторуваат. Доколку тие се обвинувачки и строги, големи се шансите дека вашата врска со детето ќе страда, па токму затоа погледнете кои зборови никогаш и во ниту една ситуација не треба да му ги кажете…

3 нешта кои ниту еден родител никогаш не смее да ги каже на своите деца

1. „Ме полудуваш!“

Оваа фраза, како и останатите слични на неа, со помош на вина го мотивира детето да го промени своето однесување. Да, понекогаш децата навистина можеби ве полудуваат, но во тој момент тоа е нешто што не мора да им го кажете и на нив. Всушност, изразувањата чувства на овој начин можат само да ја влошат ситуацијата и со тек на време да имаат негативно влијание врз врската со вашите деца. Уште полошо, оваа фраза ги тера децата да се чувствуваат виновно за туѓите емоции, а тоа води кон ниска самодоверба и анксиозност.

2. „Што не е во ред со тебе?“

Ова прашање, како и останатите слични на него, со помош на засрамување го мотивираат детето да го промени своето однесување. Исто како и со во случајот со вината, така и ова прашање кое засрамува може да води до учење дека детето е виновно за одредена ситуација, без притоа да се разгледаат сите агли кои го составуваат тој комплексен настан, вклучувајќи ги и сопствените перцепции, расположение, претходно искуство и очекувања.

На пример, доколку влезете во вашата спална и забележите дека вашето дете ја сече вашата омилена кошула на парчиња, последното нешто што треба да го направите е да го прашате „Што не е во ред со тебе?“ Наместо тоа, пред да почнете разговор, потсетете се дека сите постапки на децата настануваат од одредена потреба, како привлекување на вашето внимание (доколку се чувствуваат запоставени), барање информации и истражување (да откријат што ќе се случи ако го направат тоа) или пак, креативен проект (можеби планираат да ви дизајнираат нова облека).

Никогаш не заборавајте дека со сите изјави кои предизвикуваат засрамување на децата тие учат дека се фалични и постојано го насочуваат своето внимание кон себе обидувајќи се да дознаат што навистина не е во ред со нив, наместо да бараат нов начин на однесување кое нема да дозволи да се случи истото и во иднина.

3. „Подобро направи го тоа, ако не…“

Оваа фраза, како и останатите слични на неа, со помош на страв ја мотивираат промената на однесувањето кај децата. Таа се потпира врз агресија и закани. Имајте на ум дека вашето дете еден ден ќе биде многу поголемо и понезависно, па токму затоа оваа ваша стратегија на справување со проблемот еден ден ќе престане да биде ефективна. Но, она што е најпроблематично кај неа е тоа што преку моделирање на однесувањето, таа ги учи децата дека можат да добијат сè што сакаат преку агресија и закани. Уште полошо, со тек на време оваа фраза ќе се всели длабоко во нивните мисли и ќе ги уништи целосно довербата и почитта во вашата врска.

Соодветни алтернативи на овие изјави

Па, што можете вие да направите во овие моменти со цел да го научите вашето дете на соодветното однесување? Накратко, фокусирајте се исклучиво на самото однесување. Тоа можете да го сторите преку следниве фрази:

  • „Не ми се допаѓа тоа однесување.“
  • „Не ми се допаѓа кога ти _______.“
  • „Кога го правиш тоа, ти правиш јас да се почувствувам _______.“

Откако ќе ги употребите овие фрази, смирено објаснете им на вашите деца зошто токму тоа однесување не е во ред и разговарајте заедно со цел да најдете нов начин на справување со ситуацијата во иднина.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар