3 нешта кои можете да ги правите за да го одржите мозокот здрав до длабока старост
Според Светскиот извештај за Алцхајмер повеќе од 46 милиони луѓе низ светот страдаат од деменција предизвикана од Алцхајмеровата болест и други прогресивни дегенеративни состојби. Додека експертите со години тврдат дека трупањето на масни киселини (рибино масло) е клучно за одржување на мозокот, ново истражување објавено во весникот на Американската медицинска асоцијација открива дека омега 3 масните киселини можеби и не помагаат во намалувањето на ризикот од деменција.
Истражувачите откриваат дека 4.203 луѓе кај кои постоел ризик од страдање од макуларна дегенерација (состојба која има слични карактеристики како Алцхајмеровата болест) биле на просечна возраст од 72 години. Истражувањето исто така открило дека суплементите од рибино масло не ги подобриле резултатите од тестовите за когнитивни способности. Што е потребно за да го одржувате мозокот? Подобриот начин на живот може да помогне.
1. Бидете во добра форма и полека со алкохолот – Она што е добро за срцето е добро и за мозокот. Редовната физичка активност и намалувањето на алкохолот можат да ја подобрат работата на мозокот и на срцето подоцна во животот.
2. Држете се до медитеранската диета – Пробајте да јадете само здрави масти (кокосово масло, млечни производи и месо), а избегнувајте транс масти кои се наоѓаат во пржената и конзервираната храна.
3. Одржувајте ја работата на мозокот така што постојано ќе учите нешто ново – Правете нешто што не само што ментално ќе ве стимулира, туку и нешто што ви е интересно и што би можеле да продолжите да го правите. Совршен пример е да земете час по некој странски јазик и да испланирате патување во таа земја откако ќе ја постигнете целта (тоа е одличен изговор да си резервирате еден некласичен одмор).