3 навики со кои секојдневно си го уништувате метаболизмот
Метаболизмот го сочинуваат бројни хемиски реакции кои нè одржуваат во живот и му овозможуваат на нашето тело да работи нормално и без препреки. Но, некои од нашите секојдневни навики можат значително да го загрозат овој процес и да доведат до нерамнотежа во нашето тело. Дознајте за кои навики станува збор…
1. Не сте се наспале доволно
Со цел нормално да функционирате, на вашето тело му е потребен одмор. Недостатокот на сон може да предизвика бројни проблеми, како забавување на трошењето калории и нарушување на нивото хормони во организмот. Исто така, ако спиете помалку од 7 до 9 часа дневно, вашето тело многу потешко ќе го разградува шеќерот, но и ќе ви се зголеми чувството за глад. Неколку бессони ноќи нема да ви наштетат, но ако тоа премиине во рутина, тогаш ве очекуваат големи проблеми.
2. Го започнувате денот дехидрирани
Дехидрацијата е шок за организмот, а таа може да настане веднаш по будењето. Во текот на ноќта нашите метаболични функции забавуваат и вие не внесувате вода во текот на 8-те часа додека спиете. Токму затоа нашето тело се буди дехидрирано и му е потребно утринско освежување. За да се справите со оваа ситуација, веднаш по будењето треба да испиете од 30 до 50 милилитри вода. Оваа рутина ќе ви овозможи енергија, ќе ви го намали апетитот и ќе ја спречи надуеноста. Исто така, избегнувајте да пиете големи количини кафе бидејќи и тоа може да предизвика дехидрација.
3. Премногу долго седите
По 8 часа сон, сигурно поголемиот дел од вас се префрлаат од кревет на столица и работат уште толку часа. Оваа навика е тивок убиец на метаболизмот, бидејќи нашето тело не е создадено за ваква рутина. Предолгото седење ја забавува циркулацијата, но и целокупниот метаболизам, па затоа и може да предизвика лошо варење, надуеност и насобирање вода. Кога сте на работа, обидувајте се на секој час да направите пауза од неколку минути така што ќе прошетате низ ходникот, ќе се истегнете или ќе направите неколку вежби.