3 научно докажани техники кои ќе ја зголемат вашата продуктивност

3 научно докажани техники кои ќе ја зголемат вашата продуктивност

Дали се чувствувате како постојано да сте во трка со времето? Дали сте уморни уште пред да стигнете на работното место? Денес од луѓето се очекува да завршат многу работи во еден ден, но бидејќи времето е кратко сето тоа резултира со стрес и притисок. Поради ова, продуктивноста денес е многу важна. Луѓето кои сакаат да ја постигнат својата цел знаат дека треба да завршат повеќе работи за пократко време. Овие техники ќе ви помогнат во тоа.

3-nauchno-dokazhani-tehniki-koi-kje-ja-zgolemat-vashata-produktivnost-kafepauza.mk

1. Одредете време за секоја задача

Крајните рокови имаат голема моќ. Секогаш мислиме дека ќе почнеме на време да се подготвуваме, но не почнуваме сè додека не знаеме уште колку време имаме. Едно правило вели дека ако не одредиме краен рок за нешто, нема никогаш да го направиме. Кога мислиме дека имаме многу време, го исполнуваме со неважни работи. Но, кога ќе го скратиме периодот за некој проект, ќе направиме сè за да го завршиме во дадениот рок.

2. Не читајте негативни вести пред да одите на работа

Истражувачите од Универзитетот во Пенсилванија откриле дека ако се изложите и само 3 минути на негативни вести, тоа ќе има влијание на вашето расположение, продуктивност и здравје. Во овој експеримент една група гледала негативни вести пред 10 часот наутро. Другата група гледала позитивни вести во истиот период. Од групата со негативните вести, 27% од испитаниците имале лош ден во споредба со оние кои гледале позитивни вести. Кога ќе влезете во канцеларијата со мисли дека не можете да ги контролирате нештата, така им пристапувате и на предизвиците. Оваа состојба на умот која е наречена „научена беспомошност“ се карактеризира со депресија и намалена продуктивност.

Гледајте вести само ако сте сигурни дека ќе бидат позитивни. Немојте да гледате телевизија или да слушате радио бидејќи голема е веројатноста да дознаете некоја лоша вест. Можете да следите многу страници на Фејсбук кои објавуваат позитивни вести и пораки кои ќе ве мотивираат во текот на денот.

3. Излезете надвор и зближете се со природата

Природата има неверојатна моќ да го смири умот. Едно истражување покажало дека времето поминато во природа ги полни луѓето со енергија и прави да се чувствуваат „живи“. Ричард Рајан, професор по психологија, изјавил:

„Многу често кога сме уморни посегнуваме по шолја кафе. Но, ова истражување покажа дека во овој случај подобро е да се поврземе со природата.“

Па секогаш кога ќе се чувствувате уморно, излезете надвор и вдишете свеж воздух наместо да внесувате повеќе кофеин. Ако не сте во можност да излезете, доволно е да застанете и покрај некој прозорец за да се почувствувате подобро. Дали имате забележано дека и временските услови може да влијаат на вашето расположение? Причината е тоа што сончевата светлина ни ги дава фокусот и свежината кои ни се потребни за да бидеме попродуктивни.

Заклучок

Секој ги има истите 24 часа, ни повеќе ни помалку. Но, ако ги примените овие научно докажани техники за да ја зголемите вашата продуктивност, ќе можете да завршите повеќе задачи за пократко време. Исто така ќе го намалите нивото на стрес и ќе го подобрите квалитетот на вашиот живот.

Дали знаевте дека овие видови музика ја зголемуваат вашата продуктивност?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар