3 најверојатни причини зошто ТОЈ се дистанцира од љубовната врска
Експертите за врски и односи велат дека на вашиот партнер мора да му дадете простор, бидејќи со самото дистанцирање од вас, тој го бара токму тој простор. Подоцна на ред ќе дојде разговор, објаснувања, причини, разбирање, опростување. Не ви велиме да се стрпите и како да излезете на крај со таа дистанца, но сепак ќе треба да кажете и да покажете дека сте тука кога тој ќе се реши да ви се обрати и да не вршите никаков притисок. Свртете се кон себе и настојувајте да одржувате мир и да бидете доволно зафатени, наместо постојано да се грижите, нервирате и да се сомневате во партнерот, бидејќи не знаете што се случува. Експертите нудат релативно утешни одговори – најверојатно во неговата глава се случува некоја од овие три работи.
1. Тој е под стрес
Работа, болни родители, премногу обврски, премногу неизвесност, вишок адреналин, недостаток на сон… Без разлика што е во прашање, тој нема со вас да ги сподели своите проблеми и да ви се исплаче во прегратка, ниту тоа ќе го прави со неговите пријатели. Тој ќе се повлече во својата пештера, внатрешното скривалиште на машкиот хомо сапиенс. Можеби на почетокот ќе ви биде тешко тоа да го прифатите и да го поднесете, бидејќи женскиот нагон во стресните ситуации е тотално спротивен – тие бараат да зборуваат, да ги споделат своите проблеми и да бараат утеха од оние кои ги сакаат. Секој ваш обид да му пружите утеха и разбирање на начинот кој вас ви е познат и близок, тој ќе го доживее како притисок и ќе се протне уште подлабоко во пештерата.
Потребно е во себе да пронајдете разбирање дека работите за вас и за него функционираат потполно различно и да го оставете на мир, бидејќи тоа е единственото нешто што можете да го направите. Кога ќе биде спремен за разговор, да го изложи својот проблем, да ви се довери и да го побара вашето мислење или утеха, тој тоа ќе го направи сам. Секое забрзување и притисок ќе има потполно спротивно дејство и ќе му го отежне излегувањето од пештерата. А кога еднаш ќе излезе и ќе ви се обрати, немојте да ја искористите приликата да му кажете што треба да прави, туку слушајте го што ви зборува – навистина слушајте.
2. Го заморува вашата комплексност
Вашето внимание е насочено кон него, постојано. Спремни сте бескрајно да се прилагодувате, но тоа не остава впечаток на опуштеност, лесно постигнување договор и здрави компромиси, туку претставува притисок на него да ги исполнува вашите потреби и очекувања. А вие очекувате тој да биде постојано со вас, да дели сè со вас, постојано да ви ја докажува неговата приврзаност и чувства. Вашата емотивна глад нему му делува како напад – како навистина да морате да се нахраните со неговата витална енергија, да му ја ограничите слободата, да му го одземете неговото „јас“ и да го натерате да ве служи и храни.
Размислите за тоа. Можеби навистина сте несигурни и несамостојни, а можеби само имате погрешни убедувања дека тоа е израз на блискост во врската. Кога ви е грижа за некого, тогаш водите сметка за неговите потреби. Вашата потреба за блискост и неговата потреба за слобода треба да се балансираат и да постигнат рамнотежа. Преговарајте, постигнете договор и држете се до него. Прифатете дека е потребно да го промените вашиот став и да се коригирате.
3. Тој има сомнежи во врска со вашиот однос
Ова не мора да има никаква врска со вас. Сомнежите и загриженоста се јавуваат периодично во секоја врска, бидејќи тоа е карактеристика на динамичен однос, кој се продлабочува, бидејќи доаѓа до момент кога треба да го промените нивото, да се продлабочи и да продолжи, или темелно да се преиспитаат работите. Тој веројатно нема никакви сериозни забелешки на вас и ве смета за прекрасна личност и партнерка, но тој се сомнева во себе.
Дали е спремен за следното нив? Стравува од обврските, промена на начинот на живот, стравува дека ќе ве изгуби доколку наскоро не промени нешто, а секоја промена која можете да ја согледате зборува само едно – тој треба да се обврзе. Потребна му е дистанца, за да ја преиспита врската, за да се согледа себеси во врската во која е сега и во иднина, за да излезе на крај со своите сомнежи. Не можете да му помогнете, тој мора сам. Дајте му простор и бидете и понатаму прекрасна личност и најдобра партнерка и имајте доверба во неговите срце и разум.