3 најголеми грешки кои ги прават луѓето во теретана, според фитнес ѕвездите на Јутуб „The Lean Machines“
Џон Чапмен и Леон Бастин се лични фитнес тренери, кои не се фокусираат на долги програми за нивните клиенти. Дуото, познато како „The Lean Machines“ (Мускулестите машини) со своите 420.000 претплатници на нивниот Јутјуб канал, имаат 16-годишно искуство во фитнес индустријата, а денес со вас ќе споделат што откриле во текот на нивното искуство.
„Нашата цел е да ги поттикнеме луѓето да соработуваат со нас, да ги тренираме и да ги доведеме до позиција каде што тие ќе бидат доволно сигурни во себе, за да си ја подготвуваат нивната исхрана, да ја следат нивната диета и притоа да знаат што прават. Во основа, потребно е само да ги отфрлат сите нивни збунувачки идеи и акумулирани совети, а нашата работа е да ги поставиме на прав пат, кој одговара на нивниот животен стил“, објаснува Чапман.
Во продолжение бизнис ѕвездите ни ги откриваат 3-те најголеми грешки коишто тие гледаат како луѓето ги прават во теретаната…
1. Следите нечија туѓа програма, само затоа што таа личност изгледа добро
„Една програма не може да одговара за сите луѓе“, вели Чапман.
Само затоа што следите некој на Инстаграм, којшто изгледа добро додека следи некоја програма за вежбање, тоа не мора да значи дека истата е соодветен избор за вашето тело или за вашето ниво на искуство.
„Луѓето стануваат доминантни во теретана само поради начинот на којшто изгледаат, но тоа не значи дека тие се експерти или нешто слично“, додава Чапман.
„Низ годините, имам видено бројни чудни и прекрасни вежби за задник низ фотографиите коишто се споделуваат на Инстаграм, но тие изгледаат совршено само затоа што оние кои ја споделуваат вежбата имаат многу убава природна градба на задници“.
Иако личноста што ја следите ги постигнала резултатите на начинот на којшто вежбала, нејзиниот метод, можеби не е правилен за вас.
„Некој со правењето клекнувања (чучњеви) до половина пат кон подот, може да ги активира мускулите за седење, на сосема поинаков начин од некој друг“, кажува тој.
2. Не сте реални во врска со вашите цели
„Самите се осудувате на неуспех доколку си поставите недостижни цели. Секогаш кога работам со клиентите, ги прашувам: ‘Реално, колку пати неделно можеш да одиш во теретана и да го задржиш тоа темпо на константно ниво?’ Ако кажат 7 пати, јас им велам: ‘Нема да вежбаш 7 пати неделно’”, вели Бастин.
„Правиме исклучок, освен ако вашиот живот е премногу безгрижен или сте во фаза во која можете да си го дозволите тоа слободно време, бидејќи повеќето не го можат тоа. Поголемиот дел од нас, или имаме деца или мора да одиме на работа“.
Наместо тоа, Бастин ги советува неговите клиенти да си постават достижни цели, кои ќе направат да се чувствуваат исполнето доколку успеат да ги надминат.
„Нашата работа е да ги насочиме луѓето кон победа. Во салата за вежбање, мораме да започнеме од позиција којашто ги зајакнува луѓето, прави да се чувствуваат неверојатно, а целта им изгледа достижна и остварлива. Сите сакаме да се гледаме себеси во улога на победници и сите обожаваме да гледаме како правиме прогрес“, кажува тој.
3. Пиете енергетски пијалаци кои содржат шеќер, а се обидувате да изгубите килограми
Не секој ја посетува теретаната за да намали килограми, но ако тоа е вашата цел, Чапмен препорачува да се држите понастрана од благите спортски пијалаци.
„Една од честите појави кои ги гледаме, се луѓе коишто пијат цела лименка енергетски пијалак додека влегуваат во теретаната. Тие нема да ги трошат енергетските резерви во нивните мускули, туку ќе ги трошат шеќерите консумирани од енергетскиот пијалак“, кажува тој.
Убаво тело не се добива преку ноќ: 4 совети пред да одите во теретана.