3 најчести причини поради кои жените се оддалечуваат од партнерот
Да престанете да сакате некого понекогаш може да биде речиси исто толку лесно како и заљубувањето. Иако тоа е многу потешко да се признае, особено кога сте заедно повеќе години, љубовта што изгледа дека ќе трае вечно може да исчезне во моментот кога жената ќе престане да се чувствува пријатно во врската. Запоставувањето и преголемата опуштеност се дел од работите преку кои повеќето жени не можат на преминат, а во продолжение погледнете кои се трите најчести причини за оддалечување.
1. Недостаток на почит
Секоја жена сака да чувствува почит во врската, а кога нема да го добие потребното внимание, може да почне да се чувствува непосакувано и заменливо, што води кон раскинување. Меѓусебното почитување е клучно за стабилна и здрава врска.
2. Недостаток на интимност
Интимноста не мора секогаш да биде поврзана со сексот. Вистинската љубовна интимност што ја сакаат жените во врската е поврзаноста кога со партнерот размислувате како едно и се чувствувате поврзано дури и кога не сте заедно.
3. Некој друг е повеќе заинтересиран за неа
Кога жената ќе сфати дека другите мажи се поголеми кавалери и ја третираат подобро од партнерот, тоа може да ја растури врската. Од друга страна, жената која секојдневно добива комплименти од својот партнер, воопшто нема да обрнува внимание на другите мажи.
Прочитајте зошто се чувствувате осамено во врската и што да направите за да го промените тоа.