3 начини за врзување вратоврска со кои ќе воодушевувате
Без разлика дали сте од оние мажи кои обожаваат да носат вратоврска или пак сте принудени на тоа поради вашата работна позиција, едно е сигурно – со вратоврска треба да знаете да „ракувате“. Доколку сакате да изгледате истовремено и кул и елегантно, усовршете ги овие 3 начини за врзување вратоврска, кои во моментов владеат со машкиот моден свет. Со сигурност ќе го восхитите вашиот шеф или вашата девојка.
Елдриџ јазол
Јазолот кој наликува на плетенка, совршено му прилега на некој едноставен аутфит, бидејќи сам по себе е доволно кул.
Троен јазол
Сте се нашле ли некогаш во ситуација да ве застане некој и да ви рече: „Уау човеку, имаш супер јазол на вратоврската. Како го направи?“ Ако не ви се случило тоа, заврзете ја вратоврската на овој начин и сигурно ќе почнете да го слушате честопати ова прашање. Научете ја постапката, верувајте ќе ви се исплати.
Јазол со наметка
Жените едноставно го обожаваат. Најдобро се согласува со еднобојни кошули и одела, а ако се одлучите за овој вид врзување, комплименти ќе добивате од сите страни.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.