3 начини на шминкање што треба да ги пробате оваа пролет
Старото правило вели дека секоја нова сезона диктира нови правила за шминкање. Сепак, на модната сцена често се забележуваат варијациите на веќе добро познатите начини на шминкање, сè со цел да се освежи стандардниот изглед. Пролетта е одлична можност да се осмелите да посегнете по впечатливи сенки за очи или кармин, а во продолжение погледнете со каков изглед може да привлекувате внимание оваа пролет.
Сјај на лицето
View this post on Instagram
Иако шминката без шминка е еден вид оксиморон, не ви требаат многу производи за да постигнете изглед на свежа, сјајна кожа. За да го задржите фокусот на неа, ќе ви бидат потребни лесна и квалитетна основа и малку хајлајтер.
Сини зачадени очи
View this post on Instagram
Ако досега ја избегнувавте сината нијанса, време е да го смените тоа. Постои добра причина зошто оваа боја никогаш не исчезнала од модната сцена. Кралската сина боја сигурно ќе ве издвои од толпата и ќе испрати смела порака. Плус, зачадените очи создадени со сини нијанси нема да останат незабележани.
Кармин во боја на фуксија
View this post on Instagram
Уморни сте од црвените нијанси? Оваа розова нијанса ќе го освежи вашето лице и ќе го подобри вашето расположение. Нанесете малку маскара, руменило и хајлајтер и ќе бидете подготвени за секоја пригода.
Погледнете која ретро фризура ќе биде хит за време на пролетта.