3 начини на кои сѐ уште можете да ја направите оваа година најдобра досега!
Секој од нас сака да ја направи тековната година подобра од претходната. Но што ако ја направите оваа година подобра и од наредната? Сѐ уште имате време за најдобрата година во вашиот живот што целосно ќе ви ја промени насоката во која се движите! Погледнете како можете да го постигнете тоа…
1. Почнете да ги споредувате сегашноста и иднината
Со споредувањето на оваа година со претходната, лесно ќе можете да направите мали промени. Најверојатно одите почесно во теретана, сте го добиле посакуваното работно место, поминувате повеќе време со вашето семејство… Дури и ако ги следите сите новогодишни одлуки, вие го подобрувате вашиот живот за само 5 до 50%. Но ако гледате после она што сте го постигнале досега, ќе бидете во многу подобра позиција да го постигнете вашиот целосен потенцијал.
2. Комбинирајте ги активностите
Дали имате забележано колку побавно поминува времето кога ви е досадно и кога не напредувате? Од друга страна пак, кога се движите брзо чувството е сосема друго – повеќе уживате во животот и се движите побрзо кон постигнување на целта. Разгледајте во кои моменти од денот можете да комбинирате неколку активности. Ако на пример го планирате вашиот ден наутро на лист хартија, подобро комбинирајте го планирањето со туширањето. Кога ги комбинирате активностите, вие го забрзувате вашиот живот, а истовремено и го забавувате бидејќи сте сконцентрирани на тоа што во моментот го правите.
3. Надградете го вашиот живот со помош на технологијата
Со технологијата која ни е достапна денес некои цели се многу полесни за остварување. Без разлика дали станува збор за нов лаптоп кој ќе ви помогне побрзо да ја завршите работата или нешто друго, инвестирајте во технологија која ќе ви помогне. Не мора секогаш да работите понапорно за да добиете повеќе. Наместо тоа, размислете и набавете ја висинската технологија за полесно да ја постигнете целта.
Напредувањето базирано на она што се случило минатата година е чекор во правилна насока. Но, гледањето назад ве држи затворени. Гледањето кон иднината ви дозволува да размислувате надвор од шаблонот и ви отвора подобри можности.
Прочитајте ги и овие совети за подобар живот.