3 начини да се справите со претераното размислување без медитација

3 начини да се справите со претераното размислување без медитација

Иако сите се обидуваме да бидеме добро расположени како знаеме и умееме, понекогаш се случува да ни се насоберат многу негативни мисли. Во овие ситуации го гледате само најлошото во вашиот живот и се чувствувате навистина неудобно. Но, постојат три практични начини со кои ќе го одморите вашиот мозок и ќе престанете со претераното размислување.

3 начини да се справите со претераното размислување без медитација

1. Зборувајте помалку

Многу луѓе кои премногу размислуваат, особено жените, кога имаат некој проблем едноставно не можат а да не разговараат за тоа. Иако во повеќето случаи е добро да разговарате за вашите грижи, понекогаш тоа може да биде само постресно, особено доколку разговарате со личност која исто така претерано размислува. Понекогаш може да ви биде дури и потешко после овој разговор.

Кога две вакви личности започнуваат разговор, и двете се во постресна ситуација отколку пред почетокот на разговорот. Доколку навистина имате потреба да разговарате за она што ве мачи, секогаш можете да го запишете тоа и да го исфрлите од вашата глава. Подоцна, запишаните работи можат да ви изгледаат и смешни и ќе сфатите дека нема простор за грижа.

2. Обидете се да бидете зафатени

Не знаете што да правите, а да не размислувате? Најпрво, почнете да дишете длабоко за да ги смирите духот и телото. Потоа доколку сакате да правите нешто енергично, направете го тоа. Најдобро е во овие ситуации да правите нешто што бара физички напор. Шетајте, пливајте, трчате… Сите овие активности ќе ви бидат од голема помош бидејќи нема да ви дозволат да застанете и да размислувате за проблемите.

Доколку не сте премногу физички активни, најдете активност која ментално ќе ве опушти, но не ѝ дозволувајте да се претвори во претерано размислување. Можете да играте карти, да читате, да правите накит, облека, а можете да откриете и некој скриен талент што ќе ви помогне да сретнете нови луѓе, па можеби дури и ја промените кариерата.

3. Предадете му се на универзумот

Кога луѓето се грижат, тие се надеваат дека некогаш ќе имаат моќ да контролираат одредена ситуација. Тие сакаат сè да се одвива како замисленото, во спротивно им е страв од исходот. Во реалноста, луѓето речиси и да немаат контрола над она за коешто се грижат, а грижата нема да им ја даде посакуваната контрола. Па поради ова, секогаш имате две опции – можете да се грижите, или да ги прифатите нештата онакви какви што се. Универзумот е помудар и постар од нас, па не е лоша идеја да му се препуштите.

Важно е да знаете дека ова препуштање воопшто не значи предавање, туку само ја покажува вашата способност да бидете флексибилни.

Погледнете и кои се нештата што ги правите несвесно бидејќи премногу размислувате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар